Дома / Вицови / Разно / Состанок

Состанок

Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
– Може да се напиеме нешто?
– Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
– Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
– Сакаш да поминеме таму?
– Може! – му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
– Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
– Токму тоа што секогаш им го кажувам:
“Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино”

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …