Љубов

Трпе му се доверува на Цветко:
– Нешто многу ме мачи.
– Кажи да ти помогнам.
– Треба да се женам, имам две девојки.
– И?
– Едната е постара вдовица, ама многу богата, има 3 коли, 2 џипа и 4 стана.
– А другата?
– Млада, згодна и паметна девојка, ама сиромашна.
– Ожени се за младата, битна е љубовта! … А, каде живее таа вдовицата?

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!