Слеп маж влегува во женски моторџиски бар, некако го наоѓа столчето, нарачува кафе и по некое време и ја прашува келнерката "Сакаш ли да чуеш виц за плавуши".
Во барот, експресно сите заќутуваат.
Со доста длабок и зарипнат глас, жената до него му вели: "Пред да ја кажете шегата господине, сметам дека е коректно, бидејќи сте слеп, да ве предупредам на пет работи:
1. Шанкерката е плавуша и има бејзбол палица.
2. Избацивачот исто така е плавуша.
3. Јас сум метро и деведесет висока плавуша, тешка 100 килограми и имам црн појас во карате.
4. Жената што седи до мене е блондинка и е професионален дигач на тегови.
5. Жената од твојата десна страна е плавуша и е професионален борач.
Сега, добро размислите. Дали уште сакате да го кажете вицот?"
Слепиот размислува на кратко, одмавнува со главата и промрчува: "НЕ! Не ако треба пет пати да го објаснувам!"