Калуѓерка се прибирала летно време во манастирот. Патот бил долг, жегата – сероизна. Огромен џип ја поминал и застанал на 30-тина метри, за да ја качи. Внатре – одлична мачка. Калуѓерката се освестила од жештината под влијание на климатикот и почнала да ја разгледува внатрешноста на возилото. По едно време прашала:
– Абе, чедо, се надевам дека нема да те навредам, ама сакам да те прашам: како толку млада си дозволи таква кола, таа е поголема од мојата соба во манастирот??
– Па, имам еден пријател на кого му помагам да ја поднесува порелаксирано осаменоста два-три пати во месецот. Тој има авто-салони низ целата земја и на крајот ми го подари овој автомобил…
Калуѓерката само малку промрморила… додека мачката менувајќи ги брзините постојано тропала со огромните златни накити по рацете.
Калуѓерката пак се јавила:
– Абе, јас пак да прашам: како собра толку злато, а толку си млада??
– Па, имам еден пријател кој има златари во многу градови. Секој пат кога ќе се видиме со него ми подарува по нешто и така…
Пак никаков коментар. Стигнале до манастирот. Калуѓерката тргнала да слегува, а мачката решила да се освежи и се намирисала со парфем. Калуѓерката за последен пат прашала:
– Абе, чедо, јас таков парфем не сум видела, од каде го имаш?
– Па, имам пријател, сопственик на парфимерија, на кого исто му правам друштво одвреме-навреме и тој исто така ми подарува…
– Да си жива и здрава, чедо, сполај ти…
Отишла калуѓерката во манастирот, седнала на еден стол и почнала да размислува. По кратко време се чуло тропање на вратата:
– Кој е?
– Како кој, мoри, Стојче клисарот, отварај побрзо!!
– Стојче, ДА МИ СЕ МАВНЕШ од ГЛАВАТА со твоите наполитанки!!!
Обиди се со
Музика
Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …