Влегува пијаница во кабина за исповедање во католичка црква, седнува и молчи. Молчи тој така неколку минути, па свештеникот поткашлува да го потсети дека треба да почне со исповедање. Пијаницата уште молчи. Поминува уште една минута и свештеникот веќе изнервиран тропнува по ѕидот неколку пати. Од другата страна го слуша пијаницата: – Џабе тропаш, нема ни кај мене тоалетна.