Дома / Вицови / Црн хумор / Среќа во несреќа

Среќа во несреќа

Му се јавуваат на мажот од болница и му кажуваат дека жена му доживеала сообраќајка. Дежурниот лекар му вика:
– Ќе преживее ама повредена и е кичмата. Ќе биде трајно и потполно парализирана… а тоа значи дека ќе мора цел живот да ја храните!
Мажот почнува да плачи и да липа.
– А нема контрола ни врз бешиката, па ќе морате да и менувате и пелени, и тоа секојдневно, по неколкупати на ден… до крајот на животот!
Мажот почнува гласно да плаче.
– Исто е и со столицата. Секој ден ќе мора миење… И тоа темелно, за да не добие некоја инфекција.
Мажот паѓа на под, се стуткува и почнува да рика од плачење. Докторот се наведнува над него, го здрмува и утешително му вика:
– Се зезам бе, умре!

Обиди се со

Корона

Во болница докторот му се обраќа на пациент: – Овие апчиња за лечење на Корона …