Возење

Цветко се вози со автомобилот со компјутер. Компјутерот вика:
– Цветко, возиш 60, а дозволено е 50. Намали!
Цветко продолжува да вози. Компјутерот повторно:
– Цветко, намали! Возиш 80, а дозволено е 50.
И третиот пат компјутерот:
– Цветко, застани јас да излезам, па ти оди каде сакаш!

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!