Клима

Влегува средовечна госпоѓа во ресторан, седнува на маса, нарачува кафе и го замолува келнерот Цветко:
– Можете ли да ја вклучите климата, многу е топло.
– Може, нема проблем – вели Цветко.
По 15 минути госпоѓата повторно го повикува келнерот и го прашува:
– Можете ли да ја исклучите климата, многу е ладно.
– Може, нема проблем.
За пола саат повторно го повикува и го прашува:
– Можете ли да ја вклучите климата, многу е топло.
– Може, нема проблем.
Од соседната маса Трпе го гледа ова и го вика келнерот и го прашува:
– Зошто женава те заебава, де вклучи ја де исклучи ја климата?
А Цветко:
– А бе, јас се заебавам со неа, ние воопшто немаме клима.

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!