Дома / Вицови / Виц на денот / Покачување плата

Покачување плата

Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала:
– Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување?
– Не е една, него три причини.
– Добро, слушам.
– Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас.
– Кој вика тоа?
– Па, вашиот маж, Трпе.
– Добро, друга причина.
– Подобро готвам од вас!
– Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова?
– Токму така.
– Добро, а која е третата причина?
– Трета причина е што сум подобра љубовница од вас!
Трпана зацрвенета и вика:
– Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?!
– Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар.
На ова Трпана враќа:
– Колку сакаш да ти се покачи платата?

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!