Дома / Пишанки / Кариера и реципроцитет на фецес како нус појава

Кариера и реципроцитет на фецес како нус појава

Кај нас најлесно е определба на кариера. Еве на пример, јас колумни во локумни пишувам. За овој рецепт беа потребни само интернет пристап и компјутер. Нејсе за нејзе, како младината станува имуна на сите трендови и ја определува кариерата и љубовта кон работата. Просто не можам да поверувам колку ентузијастички се настапува кон целиот тој процес, од најсложена дефиниција стана проста реченица – колку плаќаат? Но тоа и се бара денеска. Еве дел од моите животни случки како одреден дел од младината настапува кон бирање на животна професија:

Случај број еден
– за магистратура добив кола, нова, од мама и тато, да одам да барам работа со неа. Инаку имам завршено педагошки, па се мислам дали да отворам игротека. А да, колата ми е 308ца, нова, црвена, 120 коња, со патосници, одлична за во град, село, абе за сегде. Сега планирам да нарачам ауспуг од Грчка, да ја чипувам односно да стаам екстра коњи во неа, планирам и да затемнам стаклата итн. Здравје, све зависи од кеш. Додуше, планирам и сервис да отворам, ме бива за коли. Не, јас нема да работам, ќе најдам мајстори, ќе пратам што ќе работат. На процент ќе ги ставам, не мора ни да ги пријавам, тато има врски сегде…не ми е уопште лоша идејава, мора да видам што и каква реализација од неа може да излезе…

Случај број два
– За роденден ми купија фотопарат затоа што со дигиталецот се убив од сликање. Абе они фрижидери праат, не може и добри апарати да имаат, ама го пробав и добар беше. Овој го земавме негде околу 500-600 евра, со леќи, со блицеви, со све во него, ептен е добар, џам слики вади. Сеа некогаш и матни се малце, ако мрднеш, ама имало некои сетинзи таму, па го средив тоа. Инаку, многу добро сликам, девојка ми вика дека сум ептен талент. Сега кај сестра ми на роденден ќе сликам, супер фотки вади. Имам сликано природа позади зграда и тука кај мене во населба, на фејсбук ми се сите во албум. Сеа планирам да земам курс за дизајн, да можам да ги искористам моите слики за нешто и да работам после како дизајнер. Баш видов девојка ми како дизајнира и праи нешто со сликите со тоа Инстаграм, ама не може тоа кај мене во апаратот, прашав пред некој ден…

Случај број 3
Била на караоке, решила да сними песна кај ЏејЏеј. Другарките и рекле дека многу убаво пеела. Другарка и слушнала само мелодија од прехрамбеното животинското царство позади куќа, ама во ред е. Е сеа другарка и многу добро играла, и решила да се запише на Ребис. На Ребис е нешто као на англиски, само кажано во погрешно место и погрешно време. Таа ќе ја игра кореографијата што ја планирала здравје кога ќе го снима спотот.

Ако ги споите приказните, и масонски ги читате од позади, ќе сфатите дека се работи за две девојчиња кои се страшно авангардни, маркантни и своеглави. Двете имаат прилично ниски дечковци, а кога пишувам ниски, мислам на ајкју. Едниот е сликар, а другиот планира да отвори автосервис за дечиња.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …