Дома / Пишанки / Топ 10 вицови за 2012

Топ 10 вицови за 2012

1. Силување
Силувале баба и на суд ја прашуваат:
– Бабо, што ви беше најтешко?
– Кога ми ги кренаа нозете и земјата од опинците се у очи ми улезе.

2. Инфаркт
Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
– Што се случува?
– Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
– Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
– Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

3. Пуштање
Трпе го прашува Цветко:
– Сакаш жени што се нервозни?
– Не.
– А жени кои ‘рчат додека спијат.
– Бог да чува!
– А жени кои се фригидни?
– Не доaѓа в предвид!
– Е па што тогаш и се пушташ на жена ми!?

4. Смртта
Смртта дошла по Трпе, заѕвонила на врата и Трпе отворил:
– Добар ден, Трпе.
– Добар ден.
– Дојдов по твојата душа!
Трпе се свртел и рекол:
– Трпано, душо, те бара некој човек во црно!

5. Мат боја
Во охридска продавница:
– Здраво, црна мат боја, имат?
– Мат немат, имат немат.
– Сеа шо имат, шо немат?
– Немат мат, имат немат!

6. Исто
Во некое село некоја баба чувала 2000 овци. Дошла некоја репортерка да и направи интервју:
– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?
– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.
– А бабо, колку ви тежи една овца?
Бабата вратила со прашање:
– Црната или белата?
– Па да речеме белата.
– 30 килограми.
Новинарката љубопитно прашала:
– А црната?
– Па исто.
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црната или белата?
– Да речеме, црната!
– Па 2 литри млеко.
– А белата?
– Па исто.
– А колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела?
– Бела!
– 3 кила волна.
– А од црната?
– Па исто.
Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:
– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
На тоа бабата одговорила:
– Па белите се мои.
– А црните?
– Па исто!

7. Нова година
Влага Трпе мртов пијан во кафана и се дере:
– Среќна Нова година!
Некој од страна му дофрлил:
– Каква Нова година во сред февруари бе?
– Февруари? Леле, Трпана ќе ме утепа, никогаш не сум се вратил толку касно дома.

8. Охриѓанки
Две охриѓанки глумат србинки во Охрид на плажа, едната вели:
– Јелена, доџи да се купамо…
Другата:
– Не могу ма, ме дупет камењава.

9. Вистина
Девојката го прашува дечкото:
– Драги, дебела ли сум во фармеркиве?
– Нема да се налутиш ако ти ја кажам вистината?
– Не.
– Спиев со другарка ти.

10. Одлука
– Мамо, тато, одлучив да живеам сам!
– Па тоа е одлично, сине.
– Да, куферите ви се пред врата!

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …