Eве еден искрен текст, од срце напраен, инспириран од споменарите, инспириран од текстовите, инспириран од љубовта и од животот и емоциите на човечкото битие кое на пр. во 4 саат сабајле сака да си апне у Вили една гурманска. Нејсе, еве шо напишав:
Кога мислам..
Кога мислам на тебе, не можам да запрам, и се прашувам каде си сега, кога најмногу ми требаш, кога требаше да ми помогнеш да ја држиш масата која ми е расклатена, затоа што ги стегав штрафовите олабавени. Се мачев, се тоа сам. На крај ги заштрафив, и можеме сеа комотно, раат да јадеме, пошто не се клати више, како нашата неколку дневна врска со мување, ако може така да ја наречам. Но залудно, кога немам апетит. Не ми се јаде ништо, пошо храната ме потсеќа на тебе. Немам јадено ни од гравот во петокот, ни од боранијата во средата, ни манџата у вторникот, једино иам јадено само од мусаката од понеделник и оризот од неделата. Во меѓувреме јадев ќуфтиња, јајца на око и јадев во Вили еднаш. И баш тогаш кога јадев, мислев дека ти чекаше на шалтер, да ти дадат гурманска голема, во лепиња со тартар сос и без салати, a ти го обожаваш, затоа што те потсеќа на сосот кој заедно го праевевме, ама го заебавме и го фрливме. Не се праи сос со расипана павлака, сестро!
Секојдневно мислам на тебе, и ми фали пиењето сок по скопските улици, по темните локали, на клупите кај мене во школскиот кај шо праевме муабет за монетарните достигнувања на Македонија, за ликвидноста во регионот, за политиката на Гадафи во периодот 1995-2008 год. за металните 10ки, за клаустрофобија, али кога ми кажа дека сакаш заедно да идеме по цигари, душава ми пролета и оган во неа се запали, како оној на Прометеј во Жена парк. Али нема везе, ми спомнаа дека те виделе со муваторот у Галерија 8. Скоро сите другари ми идат таму, иако само 2ца те знаат, а сум те покажал како на потреница, на која одлично изгледаш и ми рекоа дека те виделе баш у пролазот како се лапаш со него. Ја не сум љубоморен, само сакам да кажам дека кога мислам на тебе, мислам и се прашувам – “уште ли си к`снуе у 4 у Вили кај Скопјанка?“