Деновиве не сардисаа информации од сите страни… почнаа негативно и продолжија така последниве две недели. Се’ започна со канцерогеното месо што некако сами си го сервираме, па продолжи со млекото што сме го добивале од крави напукани на мувла ака асид во цврста форма и кулминираше со равиолите на нестле кои кај нас секако се најздрави на цел свет. Па сите почнавме да изиграваме по малку вегетаријанци и сега наместо салата со ракија мезам две три кебапчиња со страв, а за ручек порачувам супа од зеленчук и шопска салата. Прегладнет зошто тревата е за кравите, а кравите јаделе мувла зошто имало некој опасен рејв, па не сакaле да ги зезаат у маало пукнале по две три мувли и сега јас со вибрации во стомакот го пијам кафево без млеко, иако дечкото од кафичот пишал со големи букви кај нас млекото не е токсично. Равиоли не јадам, па ич не му ја мислам, само да не излезе дека и во нескафето има коњско месо зошто некогаш се погодува чуден вкус. Небитно.
Проголтавме се, па и ова ќе си го лапнеме како бонбонче и ќе си тераме вака здрави до 32. После 32 кој преживее нека му ја мисли. Како да не беше доволно што се паднавме у чернобил генерација, па поминаа 5 години војни во комшилук, па ги бомбардираа со осиромашен ураниум, па фукушима нешто, па грип, мутиран грип, па заушки, па воздухов во Скопје оддамна го гледаме (иако тврдат дека е невидлив) и на крај ова. Масло на оганот! Сепак немајте гајле тука се е во ред, не се паничете, ако до сега не пукаа со вакви и онакви токсини, радиоактивни материи требаше да станеме мутанти со супер херојски способности. Се сеќавате нели, спајдермен, цела екипа на X-man и Хулк. Ако тоа е најлошото што може да ни се случи, навалете на млеко, месо и равиоли крв нека ни се стори! Сакал неќел, сакал.
На здравје од Холовиц.