Дома / Вицови / Виц на денот / Одмор од работа

Одмор од работа

Трпе и Цветко биле колеги од иста фирма. Еднаш разговарале и Трпе рекол:
– Потребен ми е одмор од работа.
– Како мислиш тоа да го изведеш ?? – прашал Цветко.
– Сега ќе видиш како – рекол Трпе.
Се качил на плакарот, ги заглавил нозете горе и се обесил со главата надолу. Влегол шефот и го прашал што прави.
– Еве, јас сум сијалица – рекол Трпе.
– Ајде, земи 3 дена одмор – му рекол шефот.
Трпе задоволно излегол, а по него тргнал и Цветко. Шефот прашал:
– А каде одиш ти ??
– Е па шефе, сијалицата ја пуштивте, сега јас во мрак ли да работам?

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!