Дома / Вицови / Разно / Погоди кој

Погоди кој

Брачна двојка добила по пошта две карти за опера, со ливче на кое пишувало:
“Погодете кој ви го праќа ова!”
Сопружниците мозгале кој би можел да биде испраќачот на билетите, и тоа за најдобрите места, но не можеле да насетат кој би бил толку љубезен.
Сеедно, заминале на опера и сјајно си поминале.
Враќајќи се дома, за несреќа, го затекнале станот целиот во неред, темелно опљачкан. На комодата нашле ливче на кое пишувало: “Сега знаете.”

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …