Летово некако полека заминува, а горештините само што дојдоа. Жеден за вода и за нова авантура се упатив онаму каде што е најлесно да се отиде за викенд, а тоа е Охрид. Балканскиот Ерусалим во свое најдобро светло тој викенд имаше повеќе настани меѓу кои и Охридскиот маратон, но за тоа толку. Изгорен од несовесното однесување на агенциите во текот на двете мои патувања летово решив сам да се снаоѓам, Охрид е не е Банког ебате!
Пост крстарењето по јадранското крајбрежје и урлањето на јонските острови, Охрид претставуваше едно вистинско освежување кое долго време не го бев искусил. Песочната плажа на Св. Наум блескаше во новиот реновиран изглед, а водата како никогаш да не била почиста до сега. Штета патувањето не беше целосно одмор колку што беше и полуработен викенд, па не можев максимално да уживам во убавите што ги нуди Св. Наум. Водата, после искуството во Јонското море беше изненадувачки топла, плажите потсредени, рибите во густи групи пливаа блиску бреговите, а змиите видно истренирани да се тука но да не касаат чисто колку да се спомне за нив. Нели не си бил на Потпеш или Градиште ако не те полазила змија. Плус човек не е вистински трезен додека не го полази змија додека се разладува. Сепак вака или така ова е очекувано, она што не беше очекувано е настанот што следеше.
Шетајќи вториот ден низ стариот дел на градот одлучивме со мојата понежна половина да седнеме во ресторан покрај плажа. Покрај тоа што да најдеш келнер е луксуз кога го најдовме не ни беше од особена корист. Наивно, како да ми е прв пат во Охрид, си порачав нешто од менито и на самото читање бев пресретнат со мрштење од страна на келнерот. Зачуден подзастанав и чекав објаснување за неговата гримаса, по што дијалогот се одвиваше нешто слично на ова:
– “Не го служиме тоа.”
– “Како тогаш го имате во мени?”
– “Абе види, да не те лажам не е убаво затоа не го служиме.”
– “Добро, мене ми е убаво и сакам да го порачам.”
– “Абе види… ние овде сакаме да служиме само убави работи” – пред да заврши го прекинав: “Тогаш сменете си го менито и избришете се што не сакате да служите или воопшто не ми давај мени, рецитирај!”
По ова следеше малку молк и мексикански дуел на нашите очи, по што станав од масата и се упатив кон шанкот каде што успешно си ја направив својата нарачка и се вратив на масата. Никој ништо не ми спомна ниту пререче, сметката си ја платив на шанк затоа што келнерот е бескорисен и товар на ресторанот и во краен случај не заслужува да работи со луѓе, можеби да мрести риба некаде или нешто слично. Охрид не е лош, Охрид не е виновен, виновни се мал процент на луѓето кои живеат и работат таму, кои имаат мислење дека се над се’, кои не сакаат да се домаќини и кои ете едноставно не им е гајле за тебе затоа што кој те ебе кога си турист. Таа слика за Охрид ја носиме поради 1% на луѓето и никако да се избрише низ годините. Како и да е, еден келнер, баба, таксист или случаен минувач нема да го расипат моето мислење за овој град. Сакал или не од своето детство колку и да бев далеку не помина година, а да не запливам во ова езеро или да пешачам по лизгавата калдрма.
Искрено вљубен во Охрид, Холовиц.
П.С. не верував на лудиот австралјанец, но го доживеав. Да биде позаебано тоа е ресторано. FML