Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #19

Скопска ситуација депресинг #19

7381176089992632364Навикнат на непријатностите кои што се скопските градски асфалтни улици, движејќи се по познат пат на две тркала наидов на огромна коцка со сопствениот живот. Како и зошто се многу битни прашања. Како – почитувајќи ги сите правила и прописи, возејќи 60 километри на час по улица која што е главна. Зошто – затоа што едно бело возило вклучувајќи се од споредната улица не сакаше да ја почитува мојата предност, најверојатно затоа што сум на мотор и кој ме ебе мене јас треба да му ја мислам, а не он. Свирењето започна на 50тина метри пред приклучокот, на што возачот не се ни сврте на мојата страна, внимателно загледан во лентата која што доаѓаше од мојот спротивен правец. Кочењето започна некаде на 20тина метри од приклучокот, по што поради тоа што се две тркала, не може да застане возилото баш во место како што би застанале четири. На овој начин, благодарение на стеканатото искуство возејќи мотор последните 11 години, лизгајќи го задното тркало успеав да ја избегнам колата и во ист момент да упатам поглед кон возачот. Погледот, кој јасно ми го прочита, вриштеше во стилот на Конан – “Ќе те убијам и ќе уживам во плачот и лелекањата на твојата жена!”. За моја несреќа и негова среќа, тој всушност беше таа. Што повеќе, освен тоа што после мојот поглед возеше многу поспоро. Ништо друго не решивме, само резултатот кој во овој момент беше дека јас сеуште сум жив и здрав и се упатував кон мојот дом каде што имам некој кој ме сака. Таа исто така можеби се упатува кон нејзиниот дом и кај некој или некои кои ја сакаат или пак не. Не е важно, затоа што во тој момент во кој таа одлучи да ги прекрши правилата таа не беше ништо повеќе од обичен криминалец. Да бидам појасен, прекршокот не те прави криминалец, меѓутоа во сообраќајот лесно е еден прекршок да се претвори во дело кое што е заведено во кривичниот закон.

Доколку се прашувате како изгледа лице на убиец, тоа изгледа токму вака:

10637951_10204523080697530_2052907964_n

Покриено средновековно лице со долга коса поради срам, движејќи ги своите повеќе од четириесетина години во железен кафез на четири тркала, удрена од прерана менопауза можеби одлучила дека животот нема смисла, па доколку нема смисла за неа зошто би имало за секој друг. Запомнете, не е важно кој сте, колку ви е голем, мал, колку сте задоволни од животот, парите, љубовта, среќата и се останато за кое можете да бидете задоволни или не. Во моментот кога ќе се вклучите во сообраќајот, управувајќи две, четири, шест, осум, дванаесет тркала, вие сте дел од едно подопштество во кое нема место за ноншалантно однесување кон строгите правила, секој мал прекршок може да доведе до кобни последици по себе или по другите. Кацига, појас и памет во глава за сите, 2 минути покасно нема да ви ја повреди репутацијата колку еден одземен живот.

Почитувајте ги правилата, затоа што се таму со причина. До што би не довел овој менталитет на супериорност доколку некој купи оклопно возило или пак трактор? Упс…

Сеуште на две тркала, вашиот Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …