Дома / Вицови / Разно / Привидение

Привидение

Некој човек стопирал на автопат и одеднаш почнала силна невидена бура. Толку силно врнело што кутриот не можел да види прст пред око. За среќа покрај него поминал автомобил, а тој без размислување влегол во него. Внатре го чекало големо изненадување – автомобилот сам се движел, не бил управуван од никого. Преплашен тој продолжил да се вози, а срцето речиси престанало да му чука кога автомобилот почнал да се доближува до една кривина. Одеднаш се појавила некоја рака, го фатила воланот и почнала да управува со автомобилот. Тоа се случувало на секоја кривина.
Кога веќе се приближил до градот човекот не можел да го издржи сиот тој страв, па излегол од автомобилот и истрчал до првата кафеана. Нарачал пијачка и возбудено почнал да им раскажува на гостите што му се случило. Луѓето го виделе целиот мокар, исплашен и во солзи па не им останало ништо туку да му поверуваат на неверојатната приказна. По половина час во кафаната влегле двајца луѓе и едниот му вели на другиот:
– Еј гледај, ене го човекот што ни влезе во автомобилот додека го туркавме.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …