Оди човек во Мадрид, Шпанија, седнува во ресторан и го порачува специјалитетот на куќата. Келнерот му носи чинија со компири и две топки месо. Човекот прашува:
– Што е ова ?
– Кохони, господине.
– Што се кохони?
– Кохони се тестиси од бик што има изгубено во попладневната борба на арената.
Отпрвин му се згадило на човекот, ама откако ги пробал и му се бендисале се изел. Другиот ден човекот повторно отишол во истиот ресторан и повторно порачал кохони. Го донел келнерот јадењето, но со две топки скоро двојно помали од претходните. Човекот револтиран:
– Што е ова?
– Кохони господине.
– Не, не. Јас вчера јадев кохони и тие беа многу поголеми од овие.
– Господине, не губи секој ден бик.
Обиди се со
Музика
Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …