Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор или велосипед?
Која е поентата “да се заглавуваш” во кацига кога возењето на мотор и велосипед значи слобода и ветер во косата…
Ако и вие не ја разбирате поентата се наоѓате на вистинското место.
#1. Што ќе ми е кацига кога одам само до продавница.
#2. Лето е, жешко е, не се дише камо ли кацига да носам.
#3. Возам скутер, смешно е да носам кацига…
#4. Ќе ми ја размачка шминката.
#5. Ќе ми ја измрси косата.
#6. Не можам, кога ќе ја ставам ништо не гледам.
#7. Ме стега, ме фаќа по малку каустрофобија…
#8. Што ќе ми е шлем додека возам велосипед.
#9. Смешно изгледам во кошула накај работа и шлем на глава.
#10. И онака возам само по велосипедска патека и не поминувам на црвено.
#11. Нема да возам брзо и внимавам на патот.
#12. Немам каде да ја оставам, треба цел ден да ја влечам со мене…
#13 Не се исплати, многу скапи се кацигиве, казниве се поефтини.
#14. Нема да може да ме видат дека сум јас со кацига.
#15. Не ми треба шлем за скијање, снег е, не боли многу ако паднеш…
#16. Абе цел живот работам градежништо, сега нешто ќе ми досаѓаат шлемови сме требале да носиме.
И покрај сите причини зошто да не носите кацига или заштитен шлем, оваа е најбитна.
#17. Ќе свртам кругче низ маало, не ми треба кацига…