Дома / vicotekamk (страна 106)

Аљоша Иваноски

Шанса

Судијата го прашува обвинетиот: – Зошто го скршивте стаклениот излог и го украдовте накитот? – Па господине судија, на излогот пишуваше: “Искористете ја шансата”.

Повеќе...

Парфем

Трпе се враќа од кај љубовницата накај дома и забележал дека мириса на нејзинот парфем. И додека мислел како да го покрие мирисот, видел еден бар и влегол внатре. После десет-дваесет пива испиено, тргнал накај дома. Трпана го пречекала и нервозно му рекла: – Колку и да си се намирисал …

Повеќе...

Ајкула

Цветко оди на плажа и го прашува спасителот на плажата: – Се извинувам, има ли овде медузи, ракови или морски ежови? – Не грижете се господине, сите ги изеде ајкулата.

Повеќе...

Час

Полицаец запира лека кола и и вели на плавушата зад воланот: – Добар ден. Документите ве молам. – Зошто, господин полицаец? – Затоа што возевте со сто километри на час во населено место. – Каков час! Јас излегов од дома пред 5-6 минути!

Повеќе...

Вонземјани

– Другари, нема да ми верувате, вчера ме киднапираа вонземјани! – Невозможно, како тоа?! – Да да, навистина ви велам, на се се сеќавам. Чудни звуци, мала просторија, слаба светлина, копчиња што светат, движење нагоре… – Абе какви вонземјани, вчера беше пијан како магаре па те качивме дома со лифтот.

Повеќе...

Пиење

Цветко им кажува на своите другари како ги лекува болестите: – За бубрезите пијам пиво. За варењето – бело вино. За низок притисок – црвено вино. За висок притисок – коњак. Кога сум настинат малку чај со многу рум. – Па добро бре, пиеш ли ти вода? – Не, сеуште …

Повеќе...

Грижи и проблеми

Трпана му вика на Трпе: – Драги, кога ќе се земеме, ќе ги делам со тебе сите грижи и проблеми! – Но, мила, јас немам никакви грижи и проблеми… – Реков „кога ќе се земеме“.

Повеќе...

Етика

Професорот по етика им поставува прашање на своите студенти: – Има ли право мажот да отвори писмо адресирано до жена му? Еден студент одговорил: – Има право, но нема храброст!

Повеќе...

Кондоми

Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа: – Таа е сон! Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. …

Повеќе...