Една жена доаѓа да работа со сино око. Нејзиниот колега забележува и ја прашува: – Кој те среди вака? – Мажот ми! – Мажот ти? Мислев дека е на службено патување. – Ха! Тој мислел! А јас бев сигурна.
Повеќе...Испит
Разговараат двајца студенти по завршувањето на испитот: – Колку доби? – 7. – Па, нели се спремаше за 10-ка? – Абе да, ама во последен момент си велам, да си добијам јас 7-ца, па да си купам ракија со остатокот од парите…
Повеќе...Македонско правосудство
– За што те судеа? – За мито. – А како те ослободија? – Со мито.
Повеќе...Французинка наспроти македонка
– Французинката од левата страна има маж, од десната љубовник, зад себе си сомнително минато, пред себе светла иднина, а на главата шапка. – Македонката од левата страна има 3 полни најлони од самопослуга, од десната страна 2 деца, зад себе си убаво минато, пред себе не гледа иднина, а …
Повеќе...Подарок
Си биле тројца рибари и ловеле риба на Дојранско Езеро. Едниот фаќа златен крап. Крапот му проговорува со човечки глас. – Пушти ме во водата и ќе ти дадам еден подарок. – Каков подарок? – прашува заинтересирано рибарот. – Избери си сам: Голема љубов, голема мудрост или милион денари. – …
Повеќе...Маргаритка
Млад дечко ги кине ливченцата на маргаритката и вели: Во 19 век: – Ме сака, не ме сака… Во 20 век: – Ќе спие со мене, нема да спие со мене… Во 21 век: – Маж сум, жена сум…
Повеќе...Дедо мраз
Кога имав седум години, видов како во спалната Дедо Мраз се преоблекува во татко ми. Оттогаш знам дека тато не постои…
Повеќе...Празници
Наредните денови после празниците: – Да го фрлам ли или ќе го јадеш? – А, расипано ли е? – Ако планираш да го јадеш, не е расипано!
Повеќе...Новогодишна ноќ
– Драги, што сакаш да ти зготвам за новогодишната ноќ? – Тоа што ти е најлесно, душо! – Да ти се налутам!?
Повеќе...Подарок
Комшијата го прашува малиот Трпе во лифтот: – Што ти донесе Дедо Мраз, детенце? – Играчка на батерии. – А на мама? – И на мама исто!
Повеќе...Кондом
Влегува дедо во аптека и и вика на аптекарката: – Кондоми имате? – Има господине, каков сакате? Со ванила, јагода, малина? – Дајте ми еден со арматура!
Повеќе...Анестезиолог
Пред операција анестезиологот го прашува Трпе: – Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно? – Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето. – Договорено. Нани ми нани…
Повеќе...Во ресторан
Во ресторан, семејство со 2 мали деца. Мајката: – Келнер, можи ова шо остана да ни го спаковаш за кучето? Келнерот: – Можи. Децата: – Јееее, мама ќе ни купи куче!
Повеќе...Аналгин
Влав на жена му: – Жено изнервирај ме! – Зошто? – Абе брзо кога ти кажувам, изнервирај ме! – Ама зошто? – Најдов аналгин, утре му истекува рокот.
Повеќе...