Ко ќе сум на ФБ се осеќам ко на Fashion week во Милано… Сите манакенки..
Повеќе...Денешно време
Денешните чупиња ко ќе остарат на своите внуци ќе му велат: – Ехх деца порано баба ви каква риба беше.. по 200 лајкој на слика имав.
Повеќе...Родителска
Учителката го прашува малиот Трпе: – Трпе, зошто на родителска не дојде некој од твоите родители, туку дојде дедо ти? Трпе: – Е па учителке, дедо ми послабо слуша.
Повеќе...Диета
Трпана му вика на Трпе: – Мажу зошто држиш две диети? – Затоа што едната не ме најадува!
Повеќе...Најкратак пут
Кој е најкратак пут до лудницу? – Само СКРЕНЕШ.
Повеќе...Возачка
Полицаец застанува една плавиша и и вика – Возачка? – Да, да, јас сум возачка.
Повеќе...Доцнење
Ученикот влегува 30 минути по почетокот на часот. Професорот го прашува: – Зошто доцниш? – За учење никогаш не е доцна професоре – одговара ученикот.
Повеќе...Гледање во очи
– Трпе, ја гледаш ли Трпана за време на секс во очи? – Уф, еднаш ја погледнав. – И…? – Жива катастрофа! – Е зошто? – Баш тогаш влегуваше во спалната.
Повеќе...Музика
Два часот после полноќ. Во станот пука гласна музика. Соседот ѕвони на вратата и љубезно вели: – Комшии, дали ќе сакате да ми го позајмите системот ?? – Што е комшија, и ти сакаш да слушаш музика ?? – Не, туку сакам да спијам!
Повеќе...Таблети
Трпе и Трпана добиваат седмо дете. Трпана се жали: – Ние мора да сме проколнати… – Не е тоа работата… тие таблетите изгледа дека треба да ги пиеш ти, а не јас!
Повеќе...Несреќа
Возач гази еден пешак на пешачки, и возачот му вели на пешакот: – Имаш среќа што сум доктор! А пешакот му вели: – А ти немаш среќа дека сум адвокат.
Повеќе...Фаќање
Трпе разговара со Цветко на телефон: – Штотуку се вратив од риболов. – И, што фати? – Сопругата и нејзиниот швалер.
Повеќе...Фотограф
Трпе се жали на Цветко: – Жена ми е како фотограф. Не ми дозволува ни да мрднам, а ме тера да се смеам.
Повеќе...Размена на мислења
Мало девојче ја прашува својата мајка: – Мамо, што значи изразот размена на мислења? – Мила, тоа е кога татко ти ќе дојде дома со свое мислење, а ќе замине 5 минути подоцна со мое мислење.
Повеќе...