Трпе и Цветко шетаат во парк. Одеднаш здогледале сам човек кој зборувал. – Со кого разговара оној човек? – Сам со себе. – Па зошто тогаш толку вика? – Не слуша, наглув е.
Повеќе...Дрогирање
Мајката го прашува детето: – Сине, да не се дрогираш? – Делумно. – Како тоа делумно? – Во едната рака да, во другата не.
Повеќе...Резултати
Во амбуланта.. Докторот: – Сестро, дај резултатите! Сестрата: – Милан – Барселона 1:1, Шалке – Челзи 0:3, Реал – Јувентус 2:1…
Повеќе...Во месара
Цветко во месара ја прашува продавачката: – Имате пушено? Таа налутена му лепи шлаканица и вели: – Како не ти е срам!!! Излегувај веднаш! А тој само се насмевнува и вели: – Па јас мислев за месо…
Повеќе...Глупа фаца
Разговараат двајца пријатели: – Во последно време многу се смеам кога ќе видам глупава фаца. – Па како тогаш се бричиш?
Повеќе...Бакнување
Трпе на паркинг го бакнува автомобилот по вратите и го гали со солзи во очите. Цветко случајно минува го прашува: – Го продаваш? – Не. Жена ми доби возачка дозвола.
Повеќе...Финти
Трпе ја прашува Трпана: – Трпано зборуваше со нашата ќерка за секс. – Да. – И? – Врти се да видиш кои финти ми ги покажа.
Повеќе...Латински
Професорот: – Репетицио ест матер студиорум. Студентот: – Јас тебе жената!
Повеќе...Чуден питач
Разговараат Трпе и Цветко: – Денес ми се случи нешто многу чудно. – Што тоа? – Ми пријде еден питач и ми побара 10 денари бидејќи немал што да јаде. – Па што е тука чудно? И мене ми се има случено некој питач да ми побара 10 денари. А …
Повеќе...Екстрено тестирање
Трпе му вели на синот: – Сине ако на екстреното тестирање добиеш 5 те частам скара, а ако 1 заборави дека сум ти татко. Синот: – Добро, тато. Следниот ден Трпе го прашува синот: – Колку извади на естреното тестирање? Синот: – Кој си ти бе?
Повеќе...Час по Богословија
На час по Богословија попот Толе ги прашува учениците: – Деца, дали знаете како настанале првите луѓе на земјата ?? Еден од учениците извикал: – Тоа го знаеме сите, но нас многу повеќе не интересира како од првите луѓе настанале сите други потоа.
Повеќе...Вештачки цвеќиња
-Келнер, зошто цвекињата се вештачки? – Зашто сме во вегетаријански ресторан и порано кога стававме вистински гостите мислеа дека се за пред јадење.
Повеќе...Скопје
– Од кај си ? – Од Скопје – Колку ти е макијатото? – Шаесе.
Повеќе...Верност
Tрпана била многу болна, пред умирње. Трпе седнал покрај неа и почнал да ја теши. – Трпе… – шепнала Трпана. – Не зборувај, не се уморувај – ја прекинал Трпе. – Ама Трпе, морам… сакам да ти признаам нешто. – Не е важно сега – пак ја прекинал Трпе. – …
Повеќе...