Времето деновиве ќе биде повремено облачно со можни врнежи во попладневните и вечерните часови, а сега состојбата во светот… Сигурно преку глава ви е од оваа реченица која програмски пенетрира во нашите мозоци. ЛЕТО е, ама и не е лето. Онака лабаво како есента и пролетта да имале вонбрачно дете од афера и да не му кажале дека не е лето. Веќе трет ден пливам низ јадранот и можем да забележам дека вонбрачново дете најверојатно е глобално, ако не па барем балканско. Бајат како и времето пукам по некој аналгин со пивото само затоа што седам на плажа гол слушајќи музика која трешти од кафичот и нозете ми се збрцани во ладна вода. Да бевме дома, ова сигурно ќе се одиграше на друг начин. Дуксерче, маичка, кратки ракави, пар чорапи, кратки панталони и топло еспресо. Но на одмор сме па мора да дремеме на плажа разголени и да глумиме дека ни е забавно. Во наша одбрана многу сме и плус приморските места се досадни, освен ако не сте старци или пак тинејџери на кои не им смета да се пијанчат на кеј и да одат во дискотеки за кои поимот DJ е непознат исто како и поимот квалитетен алкохол или клима.
Клатејќи го гзот по ритамот на песни од 2008 смешани по шафл мод на винап, ах винамп рест ин пис, размислував за тоа колку сме идиоти. Летово го ззапочнав кај нашиот јужен сосед и прилично не проследи истата приказна, вонбрачно лето. Паметам пред неколку години летата ги поминував надвор од домот патувајќи кај стигнам, Сицилија, Албанија, Хрватска, Словенија, Австрија, Холандија, Јужниот дел на Италија, Турција, делови од Грција и многу други места. Патувањата ми беа тримесечни поради слободното време во летниот период, тогаш на моја среќа не работев и можев да капитализирам на своите студентски денови. Небитно. Тоа е за друга пишанка, ова овде е важно само затоа што овие локации се поминати во летните тромесечја од 2007 до 2012. Во тие години глобалното затоплување беше само поим на кој можеа да ти се поднасмеат постарите и оние на бензиска кога им објаснуваш зошто си одлучил да ставаш еколошки филтер на колата или дека рециклираш отпад дома. Но сега по се изгледа картите се свртеа и тоа во една секунда, онака додека ние вадевме два попа од ракв глобалното затоплување извади два аса и знаете како завршува приказнава.
Сега поради коцкањето со мајак природа, секој ден претставува лотарија. Денес го пиеш кафето придружен од торнадото кој ја корне кајсијата на комшијата, утре возиш низ град во кој врне град, летото, а зимата ја чекаш гол по купаќи во надуваното базенче од Бриколаж. Карикирање, можеби и не. Сепак не е доцна за се, свеста доаѓа по вакви нагли промени, можеби ќе порасне и свеста за глобалното затоплување. Никој не рече дека не мора да се забавуваме, да ме видите вие мене денес тука ќе си помислите види го колку му е забавно сакам да бидам како него. Рециклирајте, одете пеш, возете мотори, велосипеди, садете дрва, цвекиња, бидете еко свесни и можеби некако за неколку децении ќе ја оправиме работата и ќе може да се жалиме на времето повторно. Толку одам да пливам, затоа што кој го ебе времето за мене е лето.
Се надевам без пневмонија, Холовиц.