Здраво Дедо Мраз.
Знам дека и оваа година пак ќе заебеш и нема да наминеш во оваа наша чудесна земја а отсекогаш сум се прашувал зашто бе никогаш не нурнуваш наваму, полесно е да ја донесеме Бијонсе отколку тебе!
Абе ги долажа децата. Ниту еднаш да дојш да видиш како живееме во независна маќедонија. Абе политичарите не лажеше толку! Ти да дојдеш овде на власт уште првиот месец ќе има предвремени избори и ќе го изгубиш мандатот.
Шо е работата?
Не можеш да не најдеш на картата?
Епа не не барај под маќедонија, види под БЈРМ!
Или можда не си вемеровец шо секогаш не заобиколуваш?
или да не се налути шо и тебе не те ставија во спомениците за овој проектот 2014?
или ти е страв УЈП да не ти бара фискална за подароците шо треба да да им ги делиш на децава? Арно де па ти, извади си, сеа имаш и наградна игра “фискална во рака награди без мака”. Можда ќе чопниш едно станче па на лето ќе идеш на охридско езеро, а ако сакаш пак поефтин аранжман можеш на градска плажа покрај ќеј. Ама таму ќе те мешат со коце коцката дека и он има брада ко тебе. Абе да дојдеш ти овде кај мене на Дојранско, таман има и трски по езеро да пасат ирвасите а и ти си во поодминати години ќе те намачкам со лековитата кал пошто гарант имаш реума, цел живот по снегови акаш.
Или можда не наминуваш дека немаш гас маска за по загаденото Скопје?
Или пак да не ти е страв овој саше политико да не те ja ебе мајката и тебе?
Или можда не те пуштаат овие нашиве оти немаш бугарски пасош?
Епа гарант за некоја година и со закон ќе направат задолжително мајчин бугарски пасош.
А да не’ не те пуштаат од брисел оти не сме флезени во европска унија?
Ондак дојди преку овие невладини организации кога организираат хуманитарни ствари за развој на сиромашни земји, полесно е преку нив и плус се ќе ти биде платено. Ќе бидеш на багатела 10тина дена,гарант ќе ти се пикне некоја 20 годишна под постела, оти
овде кој дошол на кратко, обавезно тука останува засекогаш, се мажи се жени, деца, презиме ќе смениш во Мразов, а по една година и владата ќе ти додели награда за вредности и заслуги кон државата ко на овие спортистите, па после тоа ќе те прогласиме за почесен граѓанин ко овој субрата рој. Башка ти ми изгледаш и поскромен, нема да бараш ко него хектари земја, ќе ти се даде едноспратна куќичка од сто квадрати и една штала за ирвасите, ќе ти го пуштиме овој кико рингла да ти ги паси, да ти ги одржува, пошто има искуство, беше 2 недели на Фарма. Дури овде до душа немора и секоја година да работиш за нова година. Можеш нон стоп да се переш со онаа – Не е секој ден велигден! Ич не бери гајле ќе те сфатат граѓаните, многу се гостопримливи и се голтаат.
Значи дедо мраз ако си он лајн на фејсбук прочитај го ова писмо и ако конечно решиш да дојдеш наваму мојата желба за оваа година е да тркнеш до ВИП и да ми ја платиш сметката шо цел народ го преебаа со некои пораки за наградна игра а никој нема поима за кој пораки станува збор!
Со љубов и недоверба во тебе уште од мал
Венци!