Викендов праев ајвар, и додека го мешав, ми текна на тебе.
Ти текнува ли кога мешавме чочек, качени на столчиња, запијанети кај другар ми дома, коа праеше журче? Јако беше. Коа ги полневме теглите, ми текна на тебе. Ти текнува ли кога купивме тегла мармелад од шипка и го мачкавме со маргарин? Слатко беше, али за мене, пошо ти госпожа не јадеш мармелад, дабогда ти цркла таа Нутела. Многу дрва стаивме во ќумбето, па малце ме испрска ајварот по тренерките. Ти текнува ли коа те испрскав, коа бевме кај мене дома? Демек сакаше да ми праиш фора, да ме исплашиш од позади врата, и те потурив со вода? Интресно беше. Помагав и во лупење на пиперките, ми текна на тебе. Ти текнува ли кога беше болна, и ти ги лупев белките од мандарината? После компензиравме, ти ме лупеше коа изгорев додека ја копав јамата позади у бавџа. Екстра беше. Ја мењав стално водата за чистење од семки, ми текна на тебе. Ти текнува ли кога ми викаше да ти напунам вода од веце, пошо била поладна? Па кај мене е ладна и у кујна, ние у град живееме, и џабе се каравме коа ми текна дека има вода у фрижидер. Ги мелев пиперките посебно, и модрите патлиџани посебно, и ми текна на тебе. Ти текнува ли кога рековме дека посебно ќе искачаме, и ми рече дека ќе идеш со маалските у Корзо, а те начекав у Бастион? Брука и срам ме пукна тогаш, ама ај! У Бастион!! На крај заедно сите завршивме у некој лениновски кафиќ шо бил добар. Мај ес е добар. Тогаш ми текна на твојот газ. Убав беше, и уште е. Ајварот е готов, и го пробав, па ми текна на тебе. Ти текнува ли коа те терав да пробаш ајвар со сирење, пошо јадеш само ајвар и кашкавал. Извини бе, богаташке! И рече дека не било така убаво. Смешно беше, ама ај! Ајварот го однесовме у подрум кај мене, и ми текна на тебе. Ти текнува ли брат ти коа го пративме доле по сјаличките за на елката, и го немаше 2 саати? Уште ли е замаен ко порано? Халеријас беше, пошо не се фрцнавме, а можевме и сакавме. Ајварот искочи супер. Ама нема да ти дадам да го пробаш, пошто не заслужува мојот ајвар да се јаде со кашкавал
Среќна Нова Година.
Обиди се со
Многу причини зошто не треба да носите кацига
Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …