Априлилили! Или не? Вчера на плоштад лудило, послабо од било која година, ама појако во карактер, ако под карактер се подразбира едноличност како баркониот стил на овој наш град. Маскиран и млад се упатив кон градот решен да ја зграпчам ноќта, кога на улица Македонија ме мава сеќавање од деновите на Ред лајт дистрикт во Амстердам. Подвезици секаде, корсети секаде, облека никаде. Забавно беше што машкиве се маскирале во девојки, ама иронијата мава кога девојкиве всушност се пицнале за секојдневна шема во град, а луѓево од страна ги сликаат како да се атракција. Во туѓи срамови до колена, не успеав да поминам ни два чекора пред да забележам дека некои девојки навистина се грди, зошто кога со подвезиви, полугола и со сета пудра и шминка на лице не си убава тогаш ни Бог не може да ти помогне, а не па маска! Срамот го јадат од пар младичи кои со чорапи набутани во прслук и перики подобро се возат од нив, истите оние што ги спомнав претходно, само што сега полека го губеа својата привлечност зошто наликуваа како навистина да не се маскирале ни тие.
Неизбежно беше да завршам во некој ноќен клуб, ама баш во овој што завршив не ми се веруваше. Оддамна го биеше глас дека е селско место, а минатава ноќ се потврди сето тоа. Калабалак на диско начин ти е кога сељанка пука подвезица и мисли дека е старлета додека се крши на сите страни. Две работи во дисково беа од 95та, песните и девојките. За песните ме пука носталгија, за овие вториве цицки! Очигледно не јаделе доволно од америчките батаци на времето па одлучиле да компензираат со штикла 15ка, уста напучена и фаца ражнич. Добро е ,преживеав. Се префрлив во друг клуб, нешто подобро, не многу, ама како за промена во градов и оние кои не се маскираа се забавуваа.
Вториов ден времево тажи по изгубеното достоинство, по загубената младина заслепена од поп идоли и “Големи браќа”, па и по некоја преработка од Миле Китич и Карлеуша. Додека Ное се спрема по втор пат да ја клеца арката ќе ве оставам со една пан србовача/преработка за нашата ни ситуација – “Ч’ке Скопске!”
П.С. Дали за први април Ромите се маскираат во селјаци што мислат дека е кул да се маскираш во ром?