Најбрзиот пат од точка а до точка б е правата линија, но тој секогаш не е и најитересен. Така учејќи понизност и дисциплина по сообраќајниот метеж, додека возам по патот поплочен со милион дупки до работа, секој ден гледам различен филм. Од драма до комедија па понекогаш и трагедија. Ликовите варираат скоро секогаш, освен оние кои се постојано на ист пат, константни како и мене. Така на пример секојдневно се одминувам со девојка која вози црвен мини морис, ако ја фатам на почеток од мојот пат значи дека ќе доцнам на работа некои 5 минути. Подоцна при поминување на првите семафори секогаш се среќавам со еден дечко кој пеш се движи во спротивната насока, црн со брада, облечен често во стара облека што ме наведува да помислам дека работи некоја физичка работа. Уште една константа е дечкото кој на семафорите кај рамстор мие шофершајбни, доколку тој е таму ја ебав работата зошо така каснев повеќе од 10 минути на работа. Е сега покрај сите овие константи постојат и варијабли кои се во игра и за волја на вистината се многу повеќе од константиве. Во последно време и тие почнаа да се претопуваат во секојдневието, така една девојка која деловно облечена го изодува пеш целиот булевар и девојката во темно синото пежо која често е од мојата десна страна заглавени на семафорите кај Рамстор. Од ден на ден се повеќе се претопував и јас, освен деновите како овој, кога е премногу топло и кога поради нелогична човекова глупост и комплексот на мали полови органи седам заглавен на погрешното место во погрешното време, без своите секојдневни ишарети.
Сепак, додека некои не спијат поради финансиски проблеми, поради стравот од смртта, поради глад, поради презаситеност, поради алкохол, мене ме опиваат едни други мисли. Помислувам, дали сум јас константа за таа варијабла која ја одминувам, дали моите константи ме сметаат мене како таков, дали и тие го делат истото мислење? Без разлика, убаво е да имаш некоја стабилност во текот на денот, без разлика дали е намерна или ненамерна.
Константно ваш, Холовиц.