Долго време помина, многу слободно време одмина од нашата последна пишанка. Градот како град сеуште силуван од неранимајковци, маки мачи да заспие мирно. Но оваа пишанка не е за тој град, ова е за оној малограѓанскиот дел на градот. Денес да се биде без предрасуди е невозможно, но да се биде хуман и навистина космополитански настроен е вистински луксуз. Можеби многу од Вас веќе ја фатија поентата на брзоплетата мисла, на кратко се работи за цициња. Не, не било какви цициња, туку цициња на малолетна девојка. Да одиме и подлабоко, не само малолетна девојка туку сеуште во годишната возраст каде што доколку сте постар од неа неколку години и сте полнолетен и доколку под а) дадете бомбони, б) спомнете некој срамен дел од човековото тело, в) и пратите ишарет, г) ја загледувате во јавност и д)и се пуштате или сите погоре заедно се смета за кривично дело педофилија!
Каде лежи она што мене ме чеша, а не е под мојот папок… Несовесноста на интернет популацијата кои без ни тронка сомнеж веднаш ја се дрзна да ја руга девојката, ја постираа сликата и ја нарекуваа курва. Втората чешка е поголемата несовесност на медиумите кои истрчаа за да имаат прегледи на своите портали да објават полу гола слика од девојка која има 15 години. Браво! За едните помалку за другите повеќе.
Мразам делење на памет, но и самата таа да ја поставила сликата на својот профил, а не како што беше прикажано преку медиумите дека се работи за уцена, сите овие однесувања се повеќе одраз на денешното “поп воспитување” и потсвесен повик за помош отколку она што америте го нарекуваат attention whore. Доколку го мислите спротивното, а не се сомневам, луѓе сме не мора да се согласуваме, сепак не е коректно тоа што таа слика секој втор ја објави на личен профил, на твитер и насекаде со истата цел со која е помислата на оној што ја објавил односно она “курвање за внимание”. Па така оние на твитер кои сакале да пробијат во влијателните дрско пукаа сеир и напаѓаа, оние на фејсбук кои се тука само за да на наштетат нескромно објавуваа и споделуваа и на крајот неизбежните пукачи на сеир кои со добра или лоша намера се расфрлаат со вкусни и невкусни шеги. Тука сум некаде…
Вообичаено луѓето кои осудуваат други ги бараат сопствените мани во останатите, па така по се изгледа поголемиот дел од плукачите се “најпоштените” и воедно морално најдобро потковани. Мислам дека и едните и другите, а и девојчето имаат исто зло направено со своите постапки за истите себични причини, а тоа внимание, популарност, лајкови, шерови, прегледи… ова може да значи само на луѓе кои својот живот и својата личност ја базираат на сопствениот фејсбук профил или на твитер акаунтот, затоа што таму последиците се помали од реалниот свет… да не бидеме во заблуда вие сите сте многу повеќе од вашиот профил, вие сите имате потенцијал за што било, тие илјадници пријатели не може да ги заменат оние кои се секој ден тука за вас, макар биле и двајца.
Ова никому не беше интересно, дури ни мене. Меѓутоа сквернавење и плукање на кој и да било е тотално непотребно, а најмалку на малолетник. Човечки е да се прости, а тоа е хуманиот дел, космополитанскиот доаѓа само во пасивна форма, да се воздржиш од споделување глупости за свој или нечиј интерес доколку му штетат некому. Што е до мене, Јас немам никаква врска со никој од претходно кажаните, не бранам никого, не осудувам никого, слободата е универзална и мора да постои, секој одбира што ќе биде и како ќе се дефинира.
Вашиот, Холовиц.