Во чест на господинот кој ја испеа “Скопје, Сарај Матка” оваа пишанка ќе почне со уште еден наслов од неговиот богат репертоар, а тоа е “каква ли е ова ситуација?” Полека од маалските улици го загубија својот шарм, а и ендемскиот вид кој опстојуваше толку долго на овие простори. Скопје од маала што нема шала се претвори во Циркуз, па своевидно почнаа да искачаат и сите фрикови и накази кои толку долго се криеле по туѓи шкафови. Така се родија нов вид на Скопјани, оние што бркаат слава, пари, почит, а што немаат ниту талент, ниту работна дисциплина, ниту чест за да ја остварат својата цел. Рекетари, старлети, бифши боксери, полицајци, квази административци се само дел од новите занаети кои ги заменија џамбазите, кујунџиите, писателите, боемите и пајтонџиите… чекај, грешка пајтонџии имаме барем некој хибриден нов вид. Денес никому не му е кејф да пие пиво со комшијата, да игра табла до доцна, да игра баскет во маало на единствената бандера, да дели јадење и пиење од своја уста со ближниот. Денес овој град е интересен само за оние кои поминуваат низ него. Да останат и тие подолго од недела тука ќе збеснат, прво од недостатокот на кислород, второ од навиките на возачите во сообраќајот и трето од оние нови ендемски видови.
Познати од непознати причини, без талент и посебни способности, без грам памет, но со голема уста… уста само за јадење гомна и грб доволно широк да ги бутка и во најтесните дупки. Тоа се случува тука. Не е само за оние видни појави кои се провлекуваат на телевизија или на интернет, ова е подлабоко и се осеќа дури и во гранапчето во кое купуваш леб и млеко, на работа, на улица, скоро насекаде. Како со маглата и смогот да доаѓаат злите духови и полека се случува Хобсовата човек на човека волк. Онака денес преку кур ми е од пазарџии, гомнари, подли продавачи на туѓата човечка пот и мака кои се кријат кукавички позади тезгите, тие оплодени змиски јајца кои со своите трикови ја замајуваат сказалката од вагата ко небаре е ефтина девојка во скап клуб. А кога сме кај клубовите, тоа не сум го ни започнал…
Родум од фамилија на џамбази и трговци, можеби вековен сон било на моите предци да скокнат од коњите, па со галија од Солун да допловат тука, да се качат на пајтон и да влезат во некој барокен клуб и да се изнажуркаат. Штета немале тогаш барок, па останале да сонуваат, а за среќа сега ние имаме па може да го оживеам пра-дедовиот сон иако судејќи според Скопската диско шема момците веќе доволно се напудрени и дотерани што наликуваат на аристократијата од тоа едно време, им фалат само перики и подобри манири и се ќе биде како што никогаш и не ни било. Ама доста муабет палам опиноков до пајтонот и прв до портретот на Моцарт со коњак Наполеон и гаќа Калвин Клеин со дупло К зошто “Келвин Клајн” не ја даваат за стотче.
За крај – “Ова е рација, ова е дегенерација…”. Холовиц.