Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #17

Скопска ситуација депресинг #17

Слаткиши

Есен во Скопје, а скоро и да е лето. Зачестените тмурни утра се претвораат во сончеви денови, полека уништувајќи ја мојата амбиција и мотивација да работам. Не дека ми сметаат зачестените бесцелни возења со мотор на Водно, Козјак и Соње и се почестите дремења во Aпче со по пола литар боза. Не ми пречат, а од друга страна и пречат.

Не за џабе се во природата врти еден живописен круг, еден вид на реинкарнација и константна бесмртност со ново раѓање. Така секое годишно време во себе си носи свои предности како и слабости. Зимата е ладна, тмурна и повикува на неколку среќни мигови оставајќи простор за извршување на поголемиот дел на досадни работи поради тоа што баш и нема што да се прави надвор од ски центар на таков студ и магла. Пролет со своите зачестени сончеви денови повикува на активност и повеќе работа и енергија, моменти кога мислиш дека можеш да покориш се и можеби си попродуктивен од претходно. Лето со својата жештина доведува до еден застој, одмарање, лежење нап лажи, спремање за бесцелни муабети и долги ноќи, работата полека замира. Есен со своите тмирни и дождливи денови полека не буди од мрзливиот сон, сакајќи да не врати во реалноста со по неколку тмурни шлаканици по нашето лице и се така во круг.

Во моментов јас заглавив на лето. Мрзлив, насмеан, ведар и исполнет со радост и без малку желба да бидам затворен во канцеларија и да бдеам во монитор. Можеби поради овој продолжен период на сонце и моите зачестени обиди да се навикнам на киселкастиот мирис и вкус на бозата, после 25 години напор конечно дознав дека бозата е вистинскиот пијалок за скоро се, освен за бркање девојки. Кога си жеден напиј се боза, кога си мамурен напиј се боза, кога си прејаден напиј се боза, кога сакаш да избркаш некоја девојка исто напиј се боза. До некој степен по своите благотворни дејствија би ги изедначил со ракијата, се разбира делуваат во различна област, но сепак делуваат… Така додека го пишувам ова, врeмето полека го стега својот појас и одлучува да се испразни врз мојата мрзливост и да ми удри таква шлаканица што ќе ве здоболи дури и Вас додека го читате ова. Со мојата среќа сигурно во моментот кога ќе ја објавам оваа пишанка ќе се отвори небото и ќе одлучи да го реализира стравот на ное за својата арка. Па така ве оставам во добро здравје и расположение, а целта на сето ова беше да се испровоцира времето исто толку колку и оние кои веруваат во празни зборови и уроци. Следниот пат читање колумни или листање на нет само со гаќите наопаку некој да не ве урочи.

Летно расположен, Вашиот Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …