Сонце, сонце и само сонце. Единственото нешто позитивно во оваа гасна комора наречна Скопје – градот сместен помеѓу убави планини сега се повеќе наликува на обичен чмар. Прдеж и реа се шири насекаде. Што не му фали на градот? Не му фалат споменици, не му фали староградска калдрма, не му фалат плажи, не му фалат квази ‘артси’ (амерски сленг) поети буткани од своите или од некои туѓи интереси пишувајќи за сите манџи и крчи на тивок оган со сето свое незнаење, можеби некогаш и ќе го биде човек. Не, не, тоа сигурно не ни фали, секој соли памет за пари, без пари, но штета само оние најлојалните на двата табори и оние со аристократска крв се провлекуваат низ секојдневието труејќи го градот повеќе од сиот смог кој безмилосно го проголтува и највисокиот солитер. А да и сигурно не му фалат бродови, ама за тоа во некоја следна дописка кога ненадејно мојот сплав ќе се заринка во неправилно поставената галија, знаете ние пиратите често знаеме да претераме со пиењето и да правиме глупости навечер. Ахој! Ракија не, Рум од сега за сите! Мајката наша. сите во лов по аристократска крв, ќе летаат перики и пудра секоја вечер!
Од друга страна што можеби му фали на Скопје… алтернатива, култура, запазување на репликата “брат брата не рани, тешко кој го нема”, активизам, рециклирање, дрва, кислород и можеби многу нешта, ама кислородов некако ми е приритет во моментов. Не знам како размислуваме сите, но пар-непар од комунизмот во моментов ми се чини како одлична опција. Америте го викаат тоа карпул, не баш во таа варијанта ама тука некаде. Во превод ти го возиш комшијата, комшијата тебе, сите среќни за петнаесетина минути се преправате во кола дека сте другарчиња без да се мрзите, стигате на вашата дестинација безрезервно може да се отворите со омразата кон вашиот ближен комшија и да си продолжите нормално со денот. Лесно е, само петнаесет минути потиснување на балканштината која толку многу сакаме да ја испереме со кичот на барокот кој процути во срцето на нашиот град. Можеби вие имате различни мислења за што фали, а што не на овој град, можеби други ставови и сите тие се исправни секој во свој поглед. Нека не ви соли многу памет овој пуст евреј, ама и него го боли по малку, барем оној дел од недостатокот на воздух и од ликови кои плаќаат за да издаваат свое срање само уште повеќе да ви го отежнат дишењето и да ви го замаглат видот.
Кој видел аир од штедење, никој! Дури и евреј кога ќе ти го каже тоа значи апла отиде муабетот терсене. Сепак постојат работи за кои вреди да се штеди, за убавината на овој град, за рационалното размислување и за иднината, да им покажеме на сите оние старци кои ‘ц-цкаат и викаат во наше време не требаше да мислиме за тоа како ќе се грееме и колку бензин ставаме, спа не требаше мајката ваша затоа сега ние ќе копаме фосили од прадедовци и ќе претвораме во нафта! Да им докажеме и на идните генерации дека знаеме да заштитуваме, а не само да уништуваме и безмилосно да консумираме. Рециклирајте, возете се со другар, возете мотор, велосипед, скирол, ролери буткајте се во количка за пазарување, правете се’ што ви душа сака! Само да запомниме ова е само наше Скопје, ако пропадне ќе пропадне поради нас.
Холовиц, аут.