Се случи и тоа, квази вонредна состојба во срцето на градот ни убав. А градот убав пак ќе никне, само што нема некоја калаштура со мало бикини да го поткрене, а после тоа може и тој самиот.
Се будам пред некој ден, цел во пот, вознемирен и безизумен зошто сонот ми заврши баш кога Џена ја викна другарка и Акира во када заедно со мене… Не се ни истуширав од што бев гневен на себе, па посегнав за прв пат во мојот живот по далечинскиот управувач, зошто на графичката моја и со два кулери на минус 7 не и е доволно ладно. Пуштам ТВ, а мајка ми да ти оставила на нај сапунџискиот македонски канал со најмногу пролеани лажни емоции, оној со плочките за лого или може е палета за бои. Се упатив среќен кон кујната и како слепа кучка, брзајќи, слепи ги родив директ на плочки. Па мајката моја! Зарем толку мене денот ми тргна кај што Марфи го мислел. Среќа паднав на забот кој и онака ми е искривен, па нема некоја голема штета. Се исправив небаре се отрезнив од тој тап пад и посегнав по кафето, а кафе ни за лек.
Решив толку е, ако нема топла вода во бојлер – јажето и кај комшијата во двор на кајсија како некој бедник – само се плашам на ваков ден, дека и животот нема да можам да си го одземам. Поминувам низ дневна и слушам хаотични изјави, прашања, нешто налик СиЕнЕн во Сирија. Се вртам гледам не е СиЕнЕн али гледам сплит скрин и “плеjер набер уан” некоја црнокоса типка, “прејер намбер ту” некој крупен тип пласиран во природа покрај собрание. Фајт! Арно ама тепачката поделена на две страни независно од двајцава на сплит скринот они не ги држеле џоистиците в раце, некој друг ги држел. Гледам, следам се смеам и оп, од нигде никаде реклама за кока кола пред собрание! Драма, перверзии, емоции се во едно, скоро и да заборавив на масовниот “фајт клаб”. Па да си ‘ибат мајката ми го оправија денот.
Лабаво заборавив на цело срање од моето небитно постоење тоа утро и седнав на компјутер, во сејф моуд зошто графичкава протестира повеќе од сите небитници во и надвор од собрание, ала да и е не попушта ни со ниедна реформа што и ја предложив. Тврдокорна е како магаре на мост, морав да додадам. Скролам на FB и твитер и што да видам, шок! Дечкиве се отвориле како паштета и фрштат коментари на сите страни. Удри ваму, удри таму, удри по детството – очигледно таму највеќе боли, па едни си оделе од државава не им чинело, други ќе фрлале бомби, трети коњи, четврти пукаат сеир и агитираат од страна како вистински маалски фраери, шести, седми и другите спратови понатаму… Ме пукна серка.
Се насмеав што се насмеав, решив на мир да сечам овошки додека седам на тронот. Откако ги зацементирав своите нинџа способности и извршив геноцид врз сите овошки и мал масакар во тоалетот, се вртам од лево и гледам нема тоалет хартија! За првпат зажалив зошто религијата не победи наспроти науката, кој ли ми го тупна овој мобилен в рака наместо хард кор весник. Мамата нивна светска. Не излегов од тоалетот, од тука најдобро се кака.