Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #6

Скопска ситуација депресинг #6

Слаткиши

Во Солуна грош сомуна, до Солуна пет сомуна.. или нешто слично, не се сеќавам на поговорката која наликува на некоја пра-кумановска досетка која ми ја ределе моите предци. Сепак ова е сагата на еден младич кој сака да поседува облека за ефтини пари, само затоа што приходите до толку му дозволуваат. На општа радост и надвор од цел национално патриотски муабет, до кога ќе не бричат нашите себе прокламирани бизнисмени со роба која се купува на кило и се продава по цени како да не ја шиеле мали кинесчиња во темница? Порано бев свесно против пазарењата во Солун, се додека не ја осетив разликата. Учествував и во бојкотот и сеуште не купувам од Веро зошто ми нема смисла, ама ова со облекава држи вода. Откако почнав да се шлаам низ Европа во моите пост средношколски денови и рани студентски ноќи видикот ми се отвори за скоро 280 степени, за малку и позади грб да прогледав. Секаде некои интересни ефтини цени, прво се радував во Берлин кога си купив кожна јакна од спрингфилд за 50 евра која тука беше дури неверојатни 150. Потоа премина во купување на патики од Италија за 20 евра кои тука беа некаде околу 100, за сето тоа да кулминира со сегашниот разум дека ако маицата е поскапа од 4 евра е прескапа! Евреј, нели? Ама сите знаеме колку вреди бизнисот, сите знаеме колку се наплатува од кило и сите знаеме дека кафето во кафетерија го чини газдата поскапо отколку маицата во бутик. Затоа дрско еден викенд после стара нова година со сите Македонци се упатив да го освоиме Солун.

На граница солунски патрдии, кој прв дошол не е битно, јас имам поголем патлак и ќе идам преку ред, менталитет изграден да влее страв и почит. Додека ние регуларно си чекаме заглавени во гужвата од големиот број на автомобили, голем број на други се бутаат, тепаат, караат, врескаат, прават се за да поминат преку ред. Ама ајде и тоа помина. Се што следеше подоцна беше нашата слободна волја и избегнување на гужвата. Се разбира првиот дел од сагата е трговкиот центар кој е пренатрупан со посетители само зато што им се може и зошто има попусти од 70%. Не сме само ние шкрти и грциве се! Бутиците ги донесоа и кај нас, ама смислата за цена можеби и не. Така се упатив кон едниот и купив голем број на работи, доволно да ми вратат данок на граница, еден плус кој доаѓа со оваа прекугранична колективна распаљотка наречена шопинг. Па така на крајот само од тие работи пресметано во цените на нашите домашни бутици од иста марка заштедив точно 60 евра. Епа ајде сега сите кај другарите газди да им објасниме зошто не им иде бизнисот и да ни објанат тие зошто не бушат во здрав мозок со јакна која ја купуваат за 2 евра да ја продаваат 50 и тоа на попуст!

Ние за Грците во Солун сме како косоварите за нас во Скопје, само стадо кое е дојдено да окупира. Нормално е да се плашат, тргаат и да си бараат провокации. Меѓутоа скоро и никому да не му значи, освен некому. Ме иритира кога на формата за повраток на данок секогаш кога ќе пишам Македонија, продавачите со страв гледаат на мене, а редицата позади полна грци, особено гркињки – кои до прееска флертуваа отворено го вртат погледот кон подот и мрморат, дел од страв дел од омраза. Иритира, но не боли, само нив ги боли некаде од-зади. Така единствен со тесен шупак меѓу цела раја, гордо со пет кеси ќе си излезам и надвор од таа гужва сите нормално повторно ме гледаат, нели на чело не пишува Македонец, освен кога ќе влезеш во Икеа…

Искрено Ваш Холовиц.

П.С. Продолжува за неколку стотини зборови подоцна…

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …