Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #7

Скопска ситуација депресинг #7

СлаткишиИзминатиов викенд, кој видел кој не, кој знаел и кој не знаел ама беше All Star викенд. Не сум голем љубител на гледање спортови на тв, ама All Star си е All Star. Плус аполитички настроен и без спортска поткованост исто како и да не сум Македонец… ама сум и кому му е гајле за Стевче кога црњите откачија, особено саботата. Јас такви перверзии сум видел само на порно, а таа вечер и на паркет.

Поентата не е да се само задоволувам, туку да ја изразам својата пост All Star траума наметната од америчката политичка сцена. Не ги обвинувам имаат недостаток од една професија и сакаат да ја пополнат, а како на подобар начин освен со филмувани холивуд реклами на секои 3 минути. Перење мозок повеќе од нашиве контра комуњарски, квази комуњарски и строго комуњарски позициски, опозициски и апозициски кампањи. Америка (авторот мисли на САД) беше земја на слободните, по се изгледа слободните имаат голема слобода да избираат дали сакаат да бидат офицери, маринци, морнари или пешадија. За само 2 работни недели во 3 месеци на 5 континенти можете да уживате носејќи ја униформата намачкана со масло и крв. За најхрабрите звуците на плач на жени и дечји хорор крик не ги плаши туку ги мотивира. Карикирано тоа беа пораките, за малку ќе помислев дека е некоја туристичка кампања за крстарење на средновековни ергени.

Примамливо зошто не може сите да бидат колбаси на крстарењето па да го јадеш садо мазо по газот. Очигледно садо мазо по газот е резервирано само за владите насекаде, па така бирал или не пак ќе си го добиеш. Не верувајќи на рекламите се отсранив за момент и во тотално американ лајфстајл форевер полив 6 ѕидарски надвор во комшилук и се вратив да ги гледам летечите црњи.

Холовиц аут.

П.С. ако пропуштивте еве дел за да го доловиме заедно чувството:

[youtube tYrBSTBHCS4] [youtube snqa0l_nPKo]

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …