Аудио верзија горе!
Деновиве се појави една невообичаено позитивна статистика на нашиве напатени простори. Позитивна колку што е позитивна еврејската приказна во времето на втората светска војна. Фасадно добро поткрепена и со одлична изолација, некој си статистичар или статистичарка статично го дрви за тоа колку ние сепак и покрај крајот на светот, кој неодминливо ни чука пред врата, сме сеуште најдобри. Во целава економска криза во која секој добронамерен сосед неможе да си купи ни шеќер за во кафето направено од талогот од првото кафе во неделата, исушено на зимското сонце зошто парното е буржоаска направа, ние бликаме од среќа со сиот просперитет на Нацистика Германија во 45та.
Голем број од вас до тука се откажаа и ги боли половиот за моите его трипови и нихилистички погледи на сопствената ситуација… во право сте, ваш е изборот, но за оние кои ги боли ама сеуште читаат еве што го мачи овој загорен евреј овие денови: “Во Македонија слободни 4.849 работни места”. После ова некоја фреска некаде заплака крупни солзи крв, а попот за првпат му се обрати на бога си да го спаси од овој медиумски катахрезис. “Еј па и вие евреите се не ви годи, како не ве истребил оној Хитлер на времето како не ве сторил сите пепел!” – одекнува додека го пишувам ова. Сите останаа ослепени како самоиловите војници и на ретко кој му остана барем едно око да ги следи овие катаклизмички ситуации. А можеби и навистина е крај на светот, па решија вака да не поебаваат уште малку додека можат. Повторно некое неугодување, што ли му е на бајатиов што сере по работни места, па тоа е напредок за младината, за државата, за нашата иднина. Епа не! Зошто? Затоа, зошто сум копиле кое сака да контра на сите, а имам и право и јас сум дел од вас. Лажам. Причината е подолу во наведената статистика во која се спомнува дека скоро една третина од работните места кои се слободни се во услужните дејности, продажбата и градежништвото. Позитивно за нашата младина нели, исто како и ХИВ вирусот што е позитивен. Незнам кој како си ги броел деновите и соништата за подобра иднина во целост, незнам ни дали некому му пречи тоа што пиљарот вози БМВ, а интелектот се гура со пензионери по атобуси, само знам дека некој страшно сака да ме лиши од здравиот разум.
На крајот, Јас сум си самиот крив што одбрав да одам по овој тежок обрзовен пат наместо да гастербајтирам некаде како сиот разумен народ. За тоа си признавам, ама последниве години низ телевизиските канали се шират голем број пораки за тоа како знаењето е моќ, како е тоа нешто што е потребно на оваа држава, сте се запрашале ли зошто? Затоа што така се прави вештачка конкуренција на пазарот на труд. Најпросто има многу хипер интелектуалци со црвени дипломи кои фиктивно се достојни за извршување на која и да било интелектуално исцрувачка функција и истото би го правеле за помали пари од вас, пари кои се заработуваат при работни обврски во локалната биртија. Не е важно премногу се опуштив и излегов во целост од сопствниот стил, агресивен и заслепен од долгогодишното измачување со ситуацијата на сите кои некогаш во животот биле студенти решив баш вака просто и вулгарно да напишам колумна како секој втор идиот, па да му ‘ибам мајката и јас сум човек! Заклучокот на целава колоноскопија беше дека некој нас културно ни соопшти универзитетските дипломи и магистратури да си ги навлечеме во анусот и да служиме маси за проста егзистенција. Па вие останатите оставете по некој бакшиш за добро здравје.