1. Попаметни
Малиот Трпе дискутира со татко му:
– Тато, кои се попаметни, татковците или синовите?
– Татковците. – Убедено одговара Трпе.
– А кој ја измислил парната машина?
– Џемс Ват!
– А што не ја измислил татко му?
2. Кумановец
Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
– Ауди Q7
– Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
– А ти сакаш ли на зејтин или на маст?
3. Ѕид
Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: – Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле…
Србинот: – Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: – Договорено.
Гркот: – Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: – Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
– Дали ѕидот е водоотпорен?
– Да, одговорила рипката.
– Полни!
4. Чизми
Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:
– Ама сте ми ги облекле обратно… левата на десна нога, десната на лева.
И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но на крај чизмите си биле секоја на вистинската нога. Малиот тогаш викнал:
– Тоа не се моите чизми.
Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне.
– Зошто не ми го кажа ова порано???!!!
И со напор повторно му ги соблекла чизмите. Тогаш малиот продолжил:
– Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене.
Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее… после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете. Тогаш таа го прашала детето:
– А, каде ти се ракавичките?
Детето одговорило:
– Па ги сокрив во чизмите!
5. Дедо Мраз
Станува човек сабајле во паника, доцни на работа. Набрзинка тркнува до кола, сфаќа дека му ја украле. Зема такси, оди на работа ама предоцна – шефот му вика дека поради доцнењето добива отказ. Се враќа дома, ја начекува жената со друг. Решава да се самоубие. Таман да рипне од мост, слуша глас:
– Синко, што планираш да правиш?
Се врти, го гледа Дедо Мраз.
– Да се убијам, доста ми е од се.
– Не е убаво тоа. Јас сум Дедо Мраз и можам да ти исполнам три желби.
– Сакам! Прво, да ме вратиш на работа.
– Средено.
– Да ја најдам колата.
– Средено.
– Да можам да и простам на жена ми.
– Средено, само што ќе се вратиш дома, ќе те моли.
– Фала ти најмногу на свет.
– Нема проблем, само… бидејќи ти исполнив три желби, сакам и ти мене да ми исполниш барем една.
– Кажи, која било.
– Да попушиш.
Клекнува, завршува работа. Дедо Мраз, закопчувајќи си ги панталоните, го прашува?
– Добро синко, а колку години имаш ти?
– 35.
– И уште веруваш во Дедо Мраз?