Трпана се пораѓа во болница, вика од болки и му ја стега раката на Трпе. Трпе загрижен и вика: – Трпано, љубов моја, многу ми е жал што мора ова да го трпиш! А Трпана му враќа: – Ма уживај ајде, не си ти крив!
Повеќе...Пајак
Цветко и Трпе седат на кафе и прават муабет: – Се плашиш ли од пајаци? – Не, зошто? – Па добро е тоа, затоа што еден само што ти ја дигна колата.
Повеќе...Цветко
Трпе и објаснува на Трпана како цела вечер со Цветко биле во кафана… Трпана го слуша и ќути… И Цветко во плакарот ќути.
Повеќе...Комплимент
Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!
Повеќе...Глас
– Докторе, жена ми ја боли грлото и го изгуби гласот, што да правам? – Уживај човеку, уживај!
Повеќе...Плачење
– Трпано, кога ќе умрам, ќе плачеш ли? – Ќе плачам Трпе, знаеш дека за секоја ситница плачам.
Повеќе...Вештерка
Трпана го прашува Трпе: – Како да се маскирам за 1 Април? – Ништо не чепкај, арна си…
Повеќе...Штрафови
Мајката на Цветко му вика на Цветко: – Сине, ти спакував леб, шунка и штрафови. – Зошто мамо? – Па ако огладнеш, да јадеш леб и шунка. – А штрафовите? – И нив ги спакував.
Повеќе...Кондури
Влегува Цветко во продавница за обувки и прашува: – Извинете, колку пари се кондуриве? – 24.490 денари. – Епа дајте ми 100 грама!
Повеќе...Болест
Трпе не се чувствувал добро и отишол на доктур. Доктурот го прегледал и му кажал дека е болен од рак и дека му остануват само неколку месеци живот. Надвор го чекал неговиот син, Трпе му ја кажал страшната вест и додал: – Ај сега да одме во кафанта да се …
Повеќе...Алкотест
Цветко го сопира полиција и му вика: – Господине, ќе мора да правиме алкотест. Цветко возбудено му враќа: – Па тоа бе, каков алкохол ќе тестираме?
Повеќе...Состанок
Трпе ги собрал жена му, комшивката и швалерката и им вика: – Жени, криза е, ќе има отпуштања!
Повеќе...8 март
– Трпе, што ќе ми подариш за 8-март? – Ништо. – Можеш барем да ми кажеш дека сум убава… – Е тоа за 1-ви април Трпано!
Повеќе...Диета
Трпе им се фали на пријателите: – Трпана беше цел месец на диета. – Супер! И каков е резултатот? – 90-60-90! – Ама како – упорност, среќа, случајност ли е? – Не, не… – пред, за време и после диетата…
Повеќе...