Трпе оди на светско првенство во фудбал. Седиштето му е најгоре на стадионот, ама задоволен е што воопшто нашол карта. Седнува тој и почнува да разгледува наоколу со двоглед, и забележува човек на 5 реда од стадионот со празно место до него. Ова го полудело Трпе, па тој на полувреме оди и го прашува човекот зошто има празно место на толку добра локација.
– Со жена ми ги купивме картите многу одамна, ама за несреќа таа почина и местово е празно – одговара човекот.
– А зошто тогаш картата не ја дадовте на некој пријател или роднина.
– Сите се на погребот.