Трпе и Цветко работеле во Америка како перачи на прозори на облакодери. Стигнале до стотиот спрат, а Трпе вели:
– Абе Цветко, го утнавме 99-ти. Не ги исчистивме таму.
– И?! Што ќе правиме сега?!
На Трпе му дошла идеја:
– Па ајде бидејќи ти имаш трегери на панталоните, јас ќе те држам за нив, а ти ќе се клацкаш доле и нема да мора ни да мрдаш со рацете.
Се согласил Цветко и после некое време додека висел почнал да се смее. Трпе го прашал:
– Што се смееш ко зелен во ваква опасна ситуација ба?
– Абе ми текна како ќе те залепат по нос трегериве ако ми се откачат!
Обиди се со
Комплимент
Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!