Хипноза

Трпе имал некои проблеми, па отишол на психолог. Психологот решил да го хипнотизира за полесно да сфати како размислува.
– Дедо ти умре.
– Бог да го прости. Имам јас и друг дедо.
– Доцниш на погребот.
– Влегувам во кола и полна гас!
– Не! Страв ти е да возиш.
– Пијам шише ракија за храброст.
– Возиш пијан и те сопира полиција.
– Ќе се договорам и полицаецот бил пијан некогаш, ќе разбере.
– Не може, жена е.
– Ќе се запознаам.
– Да, ама грда е.
– Е добро де, јас сум веќе пијан.

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!