Дома / Вицови / Личности / Оштетување

Оштетување

Отишол Трпе на доктор да бара лек за Трпана:
– И, што и е на Трпана?
– Глува е ко топ докторе.
– А, колку е оштетувањето?
– Неам поим, ама ќе испитам ја тоа докторе.
Се враќа Трпе накај дома и уште од двор почнува да вика:
– Трпанооо, шо имаме за ручек?
Нема одговор. Кога дошол на прагот пак:
– Трпано, шо имаме за ручек?
Пак ништо. Доаѓа пред кујната:
– Трпано ма, што имаме за ручек?
И пак нема одговор. Тогаш влегува во кујна и доаѓа до нејзиното увце:
– Трпано, кажи што направи за ручек?
– Ама, грав бе Трпе, три пати ти кажав.

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!