Трпе му ѕвони на Цветко: – Ало Цветко. Денес купив ново БМВ и кренав 300та на автопатот! – И што? Се јавуваш да се пофалиш ли?! – Не бе Цветко. Сакам да те прашам дали знаеш како се чисти адреналинот од седиштето?
Повеќе...Родител
Трпе се кара со неговиот син: – По цели ноќи си со девојки цело време и цело сабајле спиеш, не си отишол на ниедно предавање! – Ама, тато. – Ш-ш-ш, замолчи! Кој е таткото овде? Ти или јас?! – И двајцата тато и двајцата.
Повеќе...Бројка
Трпе ја прашува Трпана: – Душо, кажи ми ама искрено. Со колку мажи си била? – Со дваесет! – Ееее, а баш сакав да си била девица, кога се оженивме. – Бев…
Повеќе...Кавалери
Влегува жена во авотбус и бара празно место за да седне. Гледа дека сите седишта се зафатени од мажи. – Добро бе, нема ли кавалери во автобусов? Сите молчат, само Трпе дофрла: – Има кавалери, ама место нема.
Повеќе...Нова година
Трпана го прашува Трпе: – Маженце, каде ќе ме носиш за Нова Година? – Кај мајка ти. – А за Велигден? – Тогаш ќе те земам!
Повеќе...Марии
– На работа имаме три колешки со име – Марија. И кога ќе викнеш „Марија“, се вртат сите три, ама јас најдов решение, им додадов по една буква на името: Марија-А, Марија-В и Марија-С. – Хм… по големината на градите ли? – Да, ама тие се сетија… Сега јас сум …
Повеќе...Левичар
Трпе го прашува Цветко: – Зарем не ти пречи што си левичар? – Не! Секој е посебен. Пример, ти со која рака го мешаш кафето? – Со десната. – Гледаш, нормалните луѓе го мешаат со лажица.
Повеќе...Време
Трпана му се дере на Трпе: – Пијаницо една! Кое време се прибра дома?! – Во 12 без 5! – Лажеш! Се врати во 7 часот наутро. – Точно, па 12 без 5 колку е, а?!
Повеќе...Брак
Малиот Трпе го прашува татко си: – Тато, колку години сте ти и мама во брак? – Скоро десет. – А уште колку години ви остануваат?
Повеќе...Позитивно
Шефот: – Колеги, денес сите може да кажете по нешто позитивно. Трпе: – Денес плачев само еднаш.
Повеќе...Нова девојка
Цветко му се пофалил на Трпе: – Си фатив нова девојка и тоа пејачка. – И како е? – Како во црква, кога ќе запее цело маало се крсти! – Абе тебе како ти е со неа? – Мене како во пилана. – Како тоа како во пилана?! – Па …
Повеќе...Оценки
Трпе си доаѓа од училиште и татко му го праша: – Сине, како оценките во школо? – Тато оценките маршираат. – Како тоа маршираа? – Епа вака: еден-два,еден-два,еден-два…
Повеќе...Јадење
Доаѓа тештата на Трпе кај него на вечера. По некое време на маса и доаѓа малиот Трпе и ја прашува: – Бабо за кого јадеш ти? – Како за кого? За мене си јадам внучко. – Зошо тато вика дека јадеш за тројца!
Повеќе...Тоалет
Цветко работел како молер во куќата на Ферус Мустафов и му раскажувал на Трпе: – Леле Трпе, куќата му е супер уредена, а најјако е што во тоалетот има златна шоља! – Абе ајде, златна? – Да златна, сакаш да одиме да видиш?. Одат кај Ферус, ѕвонат на ѕвончето, излегува …
Повеќе...