Се прибира Трпе дома, а Трпана нервозно: – Се’ знам гаду еден! – Така ли? Ај кажи колку притоки има Брегалница од левата страна?!
Повеќе...Неизвесност
Трпе го прашува Цветко: – Знаеш ли како се држи идиот во неизвесност? – Не, – Ќе ти кажам утре!
Повеќе...Печурки
На час по биологија децата учеле за печурки и учителката ги прашува децата дали знат некои видови на печурки. Цветко: Лисичарка. Учителката: Браво Цветко, друг? Столе: Буковка. Учителката: Браво, друг. Трпе: Јас знам учителке, дупач! Учителката: Па добро бе Трпе, каде имаш видено таква печурка, како не ти е срам? …
Повеќе...Срца
Попот го сретнал Трпе и му вели: – Денеска венчав три пара, и сега седум срца се исполнети со радост! – Попе, сакаш да кажeш шест срца. – Ти да не мислиш дека ги венчав без пари?!
Повеќе...Доверба
Трпана го прашува Трпе: – Драги, ми веруваш, нели? – Да душо, се разбира дека ти верувам. – Знаеш дека никогаш не би те излажала, така? – Секако! – Бандерата на паркингот ме удри додека паркирав!
Повеќе...Штрк
Малиот Трпе ја прашува мајка си: – Мамо, што прави штркот, од кога ќе го донесе бебето? – Лежи на троседот, гледа фудбал, пие пиво и игра на компјутерот!
Повеќе...Крава
Малиот Трпе ја прашува мајка си: – Мамо каде е кравата на тато? – Што збориш сине, татко ти нема крава. – Е како нема, кога прееска и кажа на комшивката дека има подобро тело од неговата крава!
Повеќе...Предвидување
Трпе и вика на Трпана: – Што ќе направиш ако ти кажам дека ќе умреш утре? А Трпана му враќа: – Ќе умрам денес, зошто мразам кога си во право!
Повеќе...Најстаро животно
Малиот Трпе го прашува татко си: – Тато, кое животно е најстаро? – Зебрата, сине. – Од каде знаеш? – Па, сите животни се во боја, само таа е црно-бела!
Повеќе...Лов
Трпе отишол на лов и по една недела се јавува дома: – Жено тука се е добро, како е дома? – Дома е се во ред, што се случува? – Нема да јадеме месо цел месец! – Ауу, зарем улови некој елен? – Не ја испив цела плата.
Повеќе...Мамурлак
Сессат Цветко и Трпе во некој бар, Трпе зима пијачка и му вика на Цветко: – Оваа е последна за мене. Ако продолжам да пијам сабајлето ќе бидам утепан. И кај тебе е исто? – Не, јас сум ерген!
Повеќе...Машко или Женско
Малиот Трпе ја прашува мајка си – Мамо, кога ме правевте што сакаше да бидам машко или женско? Мајката одговара: -Сине, јас сакав само да гледам филм !
Повеќе...Пијаници
Трпе и Цветко пијат долго во некој бар. По некое време Цветко се превртува од столчето, паѓа на земја и заспива. Барменот и Трпе се гледаат и Трпе му вика на барменот: – Епа едно може да му признаам, знае кога да сопре.
Повеќе...Снимање
Отишол Трпе на рентген и радиологот го прашува: – Што треба да снимате? – Па јас би музички спот за да станам славeн, али докторот инсистира да ја снимам главата!
Повеќе...