Дома / Вицови / Личности (страна 34)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Туѓи грешки

Влегува Трпе во црква и го прашува попот: – Попе, смее ли човек да се збогати на туѓи грешки? – Никако Трпе, тоа е грев. – Епа тогаш врати ми ги 100те евра што ми ги зема за венчавката.

Повеќе...

Женски гаки

Влегува Трпана во спална и гледа женски гаки,и го прашува Трпе: – Трпе од кај овие женски гаки? А Трпе и одговара: – Вчера ми ги даде комшијата си ги заборавила кај него.

Повеќе...

Вредност

Трпе запира такси и го прашува: – Извинете,колку ќе чини да ме однесете до центарот? – 100 денари. – А ако се качи и жена ми? – 100 денари. – Виде ли ма, ништо не вредиш!!!

Повеќе...

Мисли

Трпе и Трпана седат на клупа во парк и Трпана вика: – Срце, на што мислиш сега? А Трпе заводливо и одговара: – На истото што и ти, драга. Трпана со лут поглед му враќа: – У срам да ти е, само на тоа мислиш.

Повеќе...

Доктор

Пукнала цевка за водовод во станот на некој доктор, и докторот го викнал Трпе водоинсталатерот да ја среди. Дошол Трпе, го извадил алатот и извел неколку водоинсталатерски трикови, промрморел нешто неразбирливо и му напишал сметка на докторот од 200 евра. – 200 евра?!? Па тоа се глупости. Неверојатно! – почна …

Повеќе...

Броење

Тргнал Трпе во петок околу пладне на психијатар: – Ајде Трпе сега да броиш до три. – Аман бе докторе, што е финтава да бројам до три? – Па, ако сакаш брои и до петнаест до четири.

Повеќе...

Отфрлање

Трпе оди на лекар. – Аман докторе помагај, секоја вечер сонувам како во соба ми влегуваат женски и сакаат да ме силуваат, а јас цело време ги отфрлам од себе. – И што да правам сега јас!? – Пааа, ставете ми ги рацете во гипс!

Повеќе...

Букви

Трпе влегува во мобилара и нервозно се обраќа: – Дај направете ми ги “ч”, “ш”, “џ” и “ж” нормално да ги читам. – Добро де господине не е никаков проблем… – Како не е проблем! Добивам СМС од жена ми која е фризерка “imam uste edno sisanje i ce dojdam”, …

Повеќе...

Сирена

Трпе и Трпана се шетаат и Трпе и вика на Трпана: – Љубов, се смееш како сирена! А Трпана возбудено му враќа: – Како онаа од морето? – Не, како противпожарна…

Повеќе...

Тоалетна хартија

Влегува Цветко во продавница и прашува: – Имате ли тоалетна хартија? – Не. – А имате ли марамчиња? – Не. – Тогаш имате ли весник? – Каков сакате? – Брат, до сега ако не сфати што е работата, еве не знам.

Повеќе...

Перење маица

И дошло преку глава на Трпана од работи по дома и го натерала Трпе сам да си ја испере маицата. Влегува Трпе во купатило стои пред машината за перење и извикува: – Трпаноооо, кој програм да го уклучам? – Види што пишува на маицата. – Манчестер Јунајтед.

Повеќе...

Екологист

Малиот Трпе му вика на татко му кој се вратил од службен пат. – Тато, кога ти замина, дојде еден чичко, екологист! – Е од кај па екологист!? – Па ја праша мама дали околината е чиста!

Повеќе...