По 1 час чепкање по чинијата, малиот Трпе и вели на мајка си: – Не ја сакам оваа риба. – Замисли дека е нешто што сакаш и изеди ја – му вели мајка му. – Ај ти замисли дека сум ја изел и однеси ја чинијата – одговара Tрпe.
Повеќе...Частење
Цветко и приоѓа на девојка во кафич: – Маче што ќе пиеш, ја частам!? – Едно макиато, кисела вода и фанта. – Слушај маче ја те прашав што ќе пиеш, а не што ќе пиеш, пиеш, пиеш!
Повеќе...Барбика
Дечко и вика на некоја девојка: – Ти си како Барбика. – Фала тишто мислиш дека сум убава и згодна. – Не, не мислев на тоа! Туку дека си пластична и без мозок.
Повеќе...Огрлица
Трпана го прашува Трпе. – Мили сакаш да ти бидам верна како куче? – Да! – Епа купи ми огрлица.
Повеќе...Енолог
Се среќаваат Трпе и Цветко на 20 години од матура: – Трпе, па кај си ти, што заврши, со што се занимаваш? – Јас сум енолог, наука со вината, ти? – Јас ја проучувам тревата. – Биолог? – Ма неее, џоинтолог.
Повеќе...Умор
Доаѓа Трпе после работа, легнува на кревет и се жали на Трпана: – Мртов уморен сум, нозеве не можам да ги мрднам. А Трпана го погледнува и му враќа: – Ако судиме по смрдеата, нозете ти умреле пред 3 дена.
Повеќе...Слободна
Трпе и вика на Трпана: – Срце слободна ли си викендов? – Да! – Епа со тие бркови и нареден викенд ќе си слободна.
Повеќе...Задоцнет воз
Малиот Трпе го прашува татка си: – Тато, знаеш ли кој воз доцни најмногу? На тоа таткото одговара: – Не знам сине. Ајде кажи ми.. – Воз кој доцни најмногу е оној кој ми го вети за роденден, тато.
Повеќе...Седнување
Трпана на Трпе: – Душо дај да седнам малце. – Седни бе душо. – Ама сакам да седнам на компјутер. – Абе жено ќе го скршиш!
Повеќе...Кошула
Цветко влегува во бутик и бара кошула. Продавачот: – Би сакале ли иста кошула како оваа што ја носам јас? Цветко: – Да, иста таква, ама чиста.
Повеќе...Долг
Му се јавиле на Цветко од банка и му рекле: – Господине имате долг. – Да. Имам долг и голем.
Повеќе...Трпе во автобус
Влегува Трпе во автобус. Седнува и ги става нозете на другото седиште. Доаѓа една пензионерка и му вика: -Тргни ги нозете од седиштето, така ли седиш дома? A Трпе одговара: – Па јас дома немам автобус.
Повеќе...Диета
Трпана му вика на Трпе: – Мажу зошто држиш две диети? – Затоа што едната не ме најадува!
Повеќе...Таблети
Трпе и Трпана добиваат седмо дете. Трпана се жали: – Ние мора да сме проколнати… – Не е тоа работата… тие таблетите изгледа дека треба да ги пиеш ти, а не јас!
Повеќе...