Дома / Вицови / Личности (страна 50)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Картички

Трпе му вика на Цветко: – Ми ги украдоа сите кредитни картички! – Аман бе? Пријави ли во полиција? – Не, а не ни планирам. – Зошто? – Па оној што ми ги украл троши помалку пари од Трпана.

Повеќе...

Слободно време

Трпе и прави муабет на Трпана: – Што правиш во слободно време? – Во слободно време сум згодна! – Гледам дека немаш баш многу слободно време.

Повеќе...

Пушка

Трпе видно нервозен влага во кафана со пушка и се дере: – Кој имал секс со жена ми!? А од страна некој му дофрлил: – Ма немаш доволно куршуми.

Повеќе...

Мирис

Трпе и Трпана се шетаат во центарот на градот и проаѓаат покрај еден ресторан. – Ау Трпе, колку убаво мириса овде. А Трпе џентлменски и враќа: – Сакаш да пројдеме уште еднаш?

Повеќе...

Ѓубре

Трпе, тажен, му се жали на комшијата: – Ме напушти Трпана… Ми рече дека сум она без кое цвеќињата не можат да живеат, подоцна сфатив дека сум ѓубре.

Повеќе...

Инфаркт

Бик го брка Трпе околу куќа. Трпана од прозор го гледа и му вика: – Не трчај Трпе, ќе добиеш инфаркт! – Ма подобро инфаркт, отколку теле.

Повеќе...

Петка

Малиот Трпе и вика на Трпана: – Мамо, мамо, имам добра и лоша вест! – Ајде сине прво добрата. – Добив 5 по физика. – Конечно, ајде сега лошата. – Лага е!

Повеќе...

Јадење

Влегува Цветко во ресторан и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика: – Го сакам тоа што го јаде оној господин. По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око и вели: – Жалам, не го дава.

Повеќе...

Одговорност

Цветко оди на интервју за работа. Директорот на фирмата го седнува и му вика: – Нас ни е потребен одговорен човек. – Јас сум човекот што го барате. Во претходната работа, секогаш кога ќе тргнеше нешто лошо, викаа дека јас сум одговорен за тоа.

Повеќе...

Богатство

Мујо и Хасо одат во казино. Сакаат заеднички да ги стават парите на рулет, но не можат да се согласат за број. – Ајде вака, колку пати имаше секс изминатиов месец? – Шест пати. – Добро, јас осум. Ставаме на 14. По вртењето, се добива бројот 2. По долга, мачна …

Повеќе...

Смртта

Смртта дошла по Трпе, заѕвонила на врата и Трпе отворил: – Добар ден, Трпе. – Добар ден. – Дојдов по твојата душа! Трпе се свртел и рекол: – Трпано, душо, те бара некој човек во црно!

Повеќе...

Лозинка

Трпе ја прашува Трпана: – Жено, случајно ти да не ја смени лозинката на компјутерот? – Да, Трпе. – Ќе ми кажеш која е? – Да, датумот кога се запознавме. Трпе удира по масата и вика: – Кучка!

Повеќе...