Влегува Цветко во петок во автобус од задна врата и седнува до некој пензионер и го прашува: – Извинете што број на автобус е ова? – Зарем е важно синко?!
Повеќе...Виенска филхармонија
Разговараат Трпе и Цветко: – Абе знаеш дека во Скопје ќе гостува Виенската филхармонија? – Знам бе, ама би требало да победи ВАРДАР!
Повеќе...Зајче
Само што почнал да зборува малиот Трпе, Трпана му го изнела да го прошета низ золошка. Го прашува таа него: – Сине, кое е ова животно. – Зајче. – Не е зајче сине, жирафа е. Одат тие понатаму, Трпана пак: – Сине, а кое е ова животно? – Зајче. – …
Повеќе...Кулинарство
Цветко влегол во ресторант и си нарачал плескавица. Кога му ја донеле, целата полна со влакна. Цветко се обратил на келнерот. Келнерот му кажал дека куварот бил инвалид, без една рака, па плескавиците ги плескал на гради. Цветко воздивнал и рекол: – Добро што не си порачав полнети пиперки.
Повеќе...Забрането капење
Млада жена се соблекува и влегува во реката да се капе. Излегува Цветко од шумата и и вели: – Капењето овде е забрането! – Зошто не ми го кажавте ова пред да се соблечам? – Соблекувањето не е забрането.
Повеќе...Пазар
Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува: – Што е ова? – Домати. – Дај ми еден килограм, но секој домат спакувај ми го одделно. Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува: – А ова? – Пиперки. – Дај ми еден килограм, но секоја …
Повеќе...Љубов
Трпана му вика на Трпе: – Да имав по еден килограм за секоја љубов што сме ја воделе, сега немаше да имам ни грам во мене! – Земајќи во предвид дека си 140кг, не мислам така.
Повеќе...Грабеж
Мујо и Хасо ограбиле пошта и секој си земал по една вреќа. По неколку месеци Мујо го прашува Хасо: – Што имаше во твојата вреќа? – Па, околу половина милион евра. Купив куќа, кола. А во твојата? – Мојата беше полна со сметки. Плаќам секој месец колку што можам!
Повеќе...Болви
Цветко ја прашува аптекарката: – Имате ли прашок за болви? – Имате куче или маче? – Имам болви…
Повеќе...Гаќи
Трпе седи дома по гаќи и чита весник. Кога, ете ја Трпана, како без здив: – Бргу, бргу облечи се, комшивката доаѓа на кафе, и не е убаво да ги гледа тие твои стари коски. – Па добро де, нека види колку лошо ми готвиш, затоа сум ваков, кожа и …
Повеќе...Панталони
Го прашале Цветко: – Што значи тоа ако во едниот џеп имате 100 евра, а во другиот 200 евра? – Тоа значи дека тоа не се моите панталони!
Повеќе...Четворка
Малиот Трпе и се обраќа на Трпана: – Мамо, се сеќаваш ли кога ми рече дека ако добијам 4 ќе ме пуштиш да си играм цел ден? – Да, зошто? – Денес можеш да ме пуштиш половина ден!
Повеќе...Неверство
Отишол Трпе дома и ја гледа жена му со друг во креветот, и им вели: – А бре Трпано еднаш сама да беше во креветот. А на тоа Трпана му вели: – А ти еднаш да дојдеше покасно дома.
Повеќе...Вегетаријана
Трпе се јавува во пицерија и порачува пици, за него си порачува Капричиоза, за Трпана со Морски Плодови и го прашува малиот Трпе: – Сине каква за тебе? – За мене Вегетаријана со месо!
Повеќе...