Џеки

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:
– Што е тоа што го влечеш со тебе?
– Џеки бе, моето куче.
И го вратиле назад.
По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.
– Што е тоа што го влечеш?
– Џеки бе, кучето.
Повторно го вратиле назад.
По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.
– Што ти е тоа што го влечеш со тебе?
-Тенџере бе тенџере, што може да е.
И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:
– Ќути Џеки ги излажавме…

Обиди се со

Две порции

Во кујната од една психијатриска болница се дели ручекот: – Јас сум Никола Карев, дајте …